3 мезе сосови со Битолска павлака

  • 15 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 400g Битолска павлака

  • 300g изварка

  • сол по вкус

  • Мексикански лут сос: 2 лажички мелен црвен пипер; ½ лажичка зачин чили (по желба може да додадете повеќе); лук во прав по вкус.

  • Медитерански сос: 2 лажици кечап; 2 лажици мајонез; ½ – 1 лажичка оригано.

  • Традиционален сос со семиња: 2 лажици сусам; 2 лажици сончоглед; мелен црн пипер по вкус; ½ лажиче лук во прав или 1 чешне лук или по вкус; 2 лажици сецкан магдонос.


Подготовка

  1. Во длабок сад ставете ги Битолската павлака, изварката и додајте сол по вкус. Измешајте и смесата поделете ја на три еднакви делови.

  2. Започнете со подготовка на мексиканскиот сос. Во едниот дел ставете мелен црвен пипер, зачин чили и додајте малку лук во прав. Измешајте ги состојките и сосот сервирајте го во мала чинија.

  3. За да го направите медитеранскиот сос во другиот дел од смесата со Битолската павлака додајте кечап, мајонез и оригано. Измешајте и сосот сервирајте го во мал сад.

  4. Сусамот и сончогледот ставете ги во нелеплива тава на оган. Пропржете ги околу 2 до 3 минути.

  5. На крај во преостанатата смеса со павлака додајте ги сусамот, сончогледот, магдоносот и зачинете со лук во прав и мелен црн пипер. Измешајте ги состојките и ставете ги во мала чинија.

  6. Трите мезе сосови со Битолска павлака послужете ги со крекери или тортиља чипс по желба.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.