Колач со моркови, рогач и Битолска павлака

  • 90 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 4 јајца

  • 100g гриз

  • 100g брашно

  • 100g рогач

  • 2 лажици кафеав шеќер

  • 1 прашок за пециво

  • кора од 1 портокал

  • 50g сечкани ореви

  • сок од половина лимон

  • 250g моркови

  • 100ml масло

  • 100ml млеко

  • 100g Битолска кисела павлака

  • 1 лажица рум

  • 300g несолена урда

  • · 3 лажици шеќер во прав

  • · 100g Битолска кисела павлака

  • · сок од 1 портокал

  • · 2 кесички ванилин шеќер

  • · 1 шлаг

  • · 125ml млеко (за шлагот)


Подготовка

  1. Излупете ги, изрендајте ги морковите и прелијте ги со сокот од лимон.

  2. Измешајте ги сувите состојки, гризот, брашното и прашокот за пециво, рогачот, шеќерот, кората од портокал и сечканите ореви.

  3. Изматете ги белките со малку сол во цврста пена. Во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот и полека додавајте наизменично од сувата смеса и од млекото, маслото и Битолската павлака. Додадете го румот и полека измешајте ги цврсто изматените белки и ситно ренданите моркови.

  4. Ставете ја смесата во намрсено и со трошки поросено тавче и печете 30 минути во загреана рерна на 180˚С.

  5. Извадете кога ќе биде готово и оставете го да се лади.

  6. Кремот подгответе го така што ќе ја изматите урдата со шеќерот во прав и Битолската павлака и две кесички ванилин шеќер. Одделно ќе го направите шлагот (со 125 мл млеко) и ќе го додадете во кремот.

  7. Кремот нанесете го врз тестото и се’ заедно ставете во фрижидер добро да се излади.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.