Кремаста панакота со јагоди

  • 20 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • Состојки:

  • 1 чаша Битолско свежо млеко

  • 10 г желатин во прав

  • 2 чаши слатка павлака

  • ⅓ чаша шеќер

  • 1 ќесичка ванилин шеќер

  • 1 чаша Битолска павлака со 20% мм.

  • За овошен прелив:

  • 1 ½ чаша јагоди

  • 3 лажици шеќер

  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон.

  • За декорација:

  • 20 г шлаг пена

  • 60 мл ладно Битолско свежо млеко

  • 4-6 свежи јагоди.

  • *Големината на чашата е 240 мл.


Подготовка

  1. Во мал сад ставете го млекото и додајте го желатинот. Измешајте со жица за матење и оставете го желатинот да набабри за време од 5 минути.

  2. Садот ставете го на оган на средна температура за време од 3-5 минути. Притоа, постојано мешајте со жицата за матење за да се раствори желатинот. Внимавајте млекото да не зоврие.

  3. Во садот додајте ги слатката павлака, шеќерот и ванилиниот шеќер. Продолжете со мешањето додека шеќерот се растопи, за време од 3 до 5 минути.

  4. Битолската павлака ставете ја во сад за матење и измешајте ја со жицата. Постепено додавајте од смесата со млекото и желатинот. Мешајте за да се добие хомогена кремаста смеса.

  5. Топлата панакота ставете ја во 4 до 6 чаши во зависност од големината. Оставете ја да се излади за време од 4 до 6 часа, а најдобро е преку ноќ.

  6. Јагодите исечкајте ги. Во сад на оган ставете ги сечканите јагоди, шеќерот и свежо цедениот сок од лимон. Повремено мешајте и оставете ја смесата да зоврие за време од 5 минути, додека јагодите омекнат. Овошниот прелив оставете го да се излади, а потоа ставете го во чашите со панакота.

  7. Во сад за матење ставете ја шлаг пената и млекото. Изматете со миксер за време од 3-5 минути додека се добие густ шлаг. Со помош на готварски шприц во секоја чаша ставете од шлаг пената. На крај, декорацијата завршете ја со свежи јагоди. На здравје!

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.