Лесен чизкејк

  • 30 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • Кора:

  • 200g мелени бисквити

  • 2 лажици мед

  • 6 лажици Битолско млеко

  • 180g растопен Битолски путер

  • Фил:

  • 500g Битолска павлака

  • 450g безмасно крем сирење

  • 220g шеќер во прав

  • 1 желатин

  • 1 ванилин шеќер

  • Овошен слој:

  • 500g микс од шумско овошје

  • 4 лажици шеќер

  • 100ml вода

  • 1 желатин


Подготовка

  1. Слој 1: Во подлабок сад измешајте ги мелените бисквити, Битолското млеко, медот и Битолскиот путер. Потоа смесата ставете ја во калап за чизкејк и добро притиснете.

  2. Слој 2: Во друг сад ставете го крем сирењето во кое ќе ги додадете шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Потоа додадете ја Битолската павлака, матете со миксер и додадете го едниот желатин. Желатинот треба прво да набабри со 50 мл вода, а потоа загрејте го малку на рингла, но внимавајте да не зоврие. Потоа овој втор слој ставете го над првиот слој со бисквитите.

  3. Слој 3: Згответе го овошниот микс со 4 лажици шеќер и 100 мл вода. Потоа додадете го желатинот и гответе уште една минута. Откако убаво ќе се излади, смесата ќе се згусне. Густата смеса прелијте ја над вториот слој и чизкејкот ставете го во фрижидер за да се излади, најдобро преку ноќ.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.