Мусака

  • 60 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 6 компири (средна големина)

  • 1 кромид

  • 1 морков

  • 1 чешне лук

  • 300g Мелено месо (видот на месо одредете го сами)

  • 1 лажица доматно пире

  • 1 лажичка сол

  • 1 лажичка вегета

  • малку оригано

  • малку црн пипер

  • 3 јајца

  • 200 гр Битолска павлака


Подготовка

  1. Вклучете ја рерната на 175°C. На загреана тава со неколку лажици маслиново масло, додадете ситно исецкани кромид, лук и морков. Откако ќе се пропржат ги додавате меленото месо и зачините . Се пржи околу 5 до 7 минути.

  2. Потоа се додава доматното пире и зачините. Се пропржува уште 2 минути. Откако месото ќе биде готово, можете да започнете со подготовка на компирот.

  3. Компирите добро измијте ги и тенко исечете ги во форма на чипс. Тавата намачкајте кај со малку путер. Компирите поделете ги на три, а месото на два дела.

  4. Ставете го првиот слој од компири, ставите многу малку сол врз компирите, па потоа ставете го едниот дел од месото. Постапката повторете ја и на крај завршуваме со слој од компири. Ставете вода со тоа што мерата ќе ви биде последниот слој од компири да не биде покриен со вода. Ставете ја да се пече покриена со фолија.

  5. Додека мусаката се пече, во длабок сад изматете 3 јајца и додадете ја павлаката. По 30 минути печење ги додаваме изматените јајца со павлака одозгора и ја оставаме мусаката да се пече без фолија уште 20 минути.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.