00 / 00
|

Велигденски мафини со боровинки

30 min.

Овие мафини со боровинки се меки, сочни и воздушести, па ќе ве освојат уште на прв залак. Декоративни се, ќе внесат празнична магија во домот и ќе ги направат велигденските празници уште порадосни и побогати.

Се прават лесно и едноставно и се одличен избор за брз и вкусен појадок. Затоа, подеднакво им се радуваат и децата и возрасните. Па, кој е за вкусни мафини со боровинки?

Од оваа количина на состојки излегуваат околу 14 мафини. По ваша желба може да ја зголемите или да ја намалите количината во зависност од вашиот калап за печење мафини. Може да ги декорирате со велигденски мотиви и тие ќе бидат вистински украс на празничната трпеза.

Благодарност до sezahrana.mk.

Потребни состојки

  • 220 г брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • прстофат
  • 115 г несолен путер на собна температура
  • 100 г шеќер
  • 50 г кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 120 г Битолска павлака
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 60 мл Битолско свежо млеко
  • 250 г свежи или замрзнати боровинки.
  • За поросување:
  • 100 г кафеав шеќер
  • ½ чаша сечкани ореви или лешници
  • 1 лажичка цимет.
  • За декорација:
  • 230 г несолен путер на собна температура
  • 420 г шеќер во прав
  • 45 г какао во прав
  • ¼ лажичка сол
  • 3 лажици Битолско свежо млеко
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • чоколадни јајца и зајачина
  • шеќерни цветови.

Подготовка

1.

Во длабок сад ставете ги брашното, содата бикарбона, прашокот за печиво и солта. Измешајте ги со жица за матење.

2.

Во сад за матење ставете ги путерот, шеќерот и кафеавиот шеќер. Изматете ги со помош на миксер околу 2 минути додека добиете мазна и кремаста смеса. Намалете го миксерот на средна брзина и додајте ги јајцата едно по едно, екстрактот од ванила и павлаката. Матете додека добро се соединат сите состојки.

3.

Потоа, намалете ја брзината на миксерот и додајте ги смесата со брашното и млекото. Изматете кратко за да се добие хомогена смеса.

4.

Боровинките измешајте ги со малку брашно и додајте ги во смесата за мафини. Нежно промешајте со шпатула.

5.

Калапите за мафини премачкајте ги со растопен путер или наредете ги со хартиени корпици.

6.

Калапите наполнете ги со смесата за мафини до врвот. Потоа поросете ги со кафеавиот шеќер, сечканите ореви и циметот

7.

Вака подготвените мафини печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 5 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете ги уште околу 18 до 20 минути.

8.

Печените мафини оставете ги да се изладат во калапот околу 5 минути, па извадете ги на решеткаста подлога за целосно да се оладат.

9.

Во меѓувреме со миксер на средна брзина изматете го растопениот путер околу 2 минути додека добие кремаста текстура. Потоа додајте ги шеќерот во прав, какаото, млекото, солта и екстрактот од ванила и продолжете со матење уште дополнителни 30 секунди на мала брзина. Брзината зголемете ја на најсилно и матете уште 1 минута. По потреба доколку кремот е премногу течен додајте уште малку шеќер, или млеко доколку е прегуст.

10.

Наполнете го готварскиот шприц со вака подготвениот крем и украсете ги мафините во вид на гнездо. Во гнездото ставете чоколадно јајце или зајаче и шеќерни цветови. На здравје!

Датум на објавување 10.04.2020.

Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal