Запечени шампињони со павлака и кашкавал

  • 45 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 300g свежи шампињони

  • 400g Битолска павлака

  • 300g изварка

  • 200g кашкавал

  • 1 мала лажичка оригано сол и црн пипер по вкус

  • малку маслиново масло


Подготовка

  1. Шампињоните измијте ги и исечкајте ги на тенки листови со дебелина од 3-5mm. Поделете ги на два дела и ставете ги во две мали, земјени тави. Во тавите поросете оригано, ставете малку маслиново масло и измешајте ги печурките.

  2. Печурките ставете ги да се печат 10 минути во загреана рерна на 250°C.

  3. Во меѓувреме, измешајте ги Битолската павлака и изварката. Во смесата додајте една лажичка оригано, сол и црн пипер по вкус. Мешајте додека добиете хомогена, кремаста смеса.

  4. Врз запечените печурки, во двете тави додајте ја смесата со павлака и зачини. Врз смесата ставете листови или рендан кашкавал.

  5. Тавите вратете ги во рерната и печете уште 10 минути, додека кашкавалот се растопи и порумени. Запечените печурки со павлака и кашкавал послужете ги додека се топли со фурнаринки или мини лепчиња по желба.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.