Tорта со јагоди

  • 60 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • Потребни состојки:

  • За пандишпанот:

  • 4 јајца, на собна температура

  • 150g шеќер

  • 2 пакетчиња ванилин шеќер

  • 120g Битолски путер, растопен

  • 150g брашно

  • 1 пакетче прашок за печиво

  • За филот:

  • 2 кесички за шлаг крема

  • 2 кесички за шлаг пена

  • 600мл млеко

  • 200g бело чоколадо, растопено на пареа

  • 1 пакетче желатин, растворен во 4 лажици студена вода, па растопен на пареа

  • За преливот:

  • 400g свежи јагоди, пресечени на половина

  • 1 пакетче прелив за торти – желе за торти


Подготовка

  1. Во длабок сад изматете ги јајцата заедно шеќерот и ванилата. Додајте го растопениот путер, брашното и прашокот за печиво и промешајте со помош на шпатула.

  2. Префрлете ја смесата за пандишпанот во округло тавче на механизам, претходно премачкано со путер и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути. Оставете комплетно да се излади.

  3. Во друг сад изматете го млекото заедно со кесичките за шлаг крема и шлаг пена во цврст фил. Додајте го растопеното бело чоколадо и промешајте. Додајте го и растопениот желатин и промешајте. убаво додека смесата не се соедини.

  4. Префрлете го филот врз изладениот пандишпан додека е сеуште во калапот во кој се печеше и оставете во ладилник да се стегне околу 1 час.

  5. Измијте ги јагодите и пресечете ги на половина. Наредете ги по цела површина на тортата.

  6. Зовријте ја водата, а претходно промешајте 4 лажици од водата со преливот за торти, шеќерот и ванилата. Додајте ја зовриената вода и промешајте. Истурете го врелиот прелив врз јагодите и оставете во ладилник да се стегне околу 1-2 часа. Пресечете парчиња и уживајте.

    Добар апетит и забавно готвење!

    Рецепт од: https://www.instagram.com/daveskitchenofficial

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.