Чоколадни мафини

  • 25 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 2 јајца

  • 100g шеќер

  • 230g брашно

  • 50g какао

  • 100ml масло

  • 250ml Битолско млеко

  • 8g пециво

  • прстофат сол


Подготовка

  1. Во длабок сад просејте ги брашното, какаото, пецивото и солта. Додајте го шеќерот и измешајте.

  2. Во друг сад изматете ги со жица, јајцата, маслото и млекото. Откако ќе се соединат додајте ги во садот со сувите состојки. Измешајте.

  3. Во калап за мафини наредете хартиени корпички. Со смесата наполнете ги корпичките(по 2/3). Печете во загреана рерна на 180 степени.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.