Путер-кифли

  • 30 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 100 гр Битолски путер

  • 1 кг брашно

  • 500 мл Битолско млеко

  • 300 мл масло

  • 2 јајца

  • 1 супена лажица сол и малку шеќер

  • 50 гр квасец

  • За премаз: 1 јајце, сусам, 100 гр Битолски путер


Подготовка

  1. Во млако млеко го ставаме квасецот, наросуваме малку сол и шеќер и оставаме смесата да отстои. Во друг сад ги мешаме јајцата, шеќерот, солта и го додаваме квасецот. Потоа, додаваме брашно и замесуваме, па го оставаме тестото 30 минути на топло место за да нарасне. Нараснатото тесто го делиме на три дела. Секој дел посебно го сукаме во круг со пречник 45 см. Со нож сечеме 12 делови (триаголници) или 16 доколку сакаме помали кифлички.

  2. Растопуваме Битолски путер (100 гр) и со помош на четкичка го премачкуваме секој триаголник, а потоа ги завиткуваме кифличките (по желба тука може да додадеме и сирење доколку сакаме во кифличките да имаме и сирење). Во плехот каде што ќе ги печеме кифличките ставаме хартија за печење. Ги редиме кифлите и ги оставаме да отстојат на топло место уште 30 минути. Кифличките ги премачкуваме со изматеното јајце и на крај попрскуваме со сусам.

  3. На крај, на секоја кифличка ставаме мало парче Битолски путер. Ги печеме кифличките во загреана рерна на 200°C околу 18-20 минути.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.