Битолски јогурт - Секогаш во кругот на семејството

14. Oct 2016

Се­меј­ни­те вред­но­сти се пр­вите оп­штес­тве­ни вред­но­сти со кои се среќаваме и преку кои ги до­би­ва­ме нашите соз­на­ни­ја и ста­во­ви, ги гра­ди­ме пр­ви­те на­ви­ки во од­не­су­ва­ње­то и во дејс­тву­ва­ње­то и ги обликуваме цвр­сти­те те­ме­ли на на­ша­та лич­ност и ка­ра­ктер.

Во Македонија, повеќето семејства ја негуваат традицијата според која семејството е школа на љубовта, животот и доблеста, а вреднувани карактеристики се почитта, семејните обичаи, простувањето, заедничките семејни моменти. Семејството влијае врз развојот на поединецот и создавањето на животните навики, вклучувајќи ги и навиките во исхраната. Еден од најважните и најпочитуваните традиционални обичаи е собирањето на семејството за време на оброците, а тоа собирање е уште поскапоцено ако на трпезата е и Битолскиот Јогурт, вкус познат и омилен на сите генерации, вкус кој секогаш умее да нѐ обедини.

Семејниот ручек е синоним за традиција, хармонија, за семејна благосостојба, тоа се мигови во денот кога сите членови од семејството се собрани и заеднички увживаат во оброкот, се дружат и разменуваат мислења. Не е семеен ручек ако не замириса на вкусна храна која е одлична комбинација со омилениот вкус на Битолскиот јогурт.

Битолскиот Јогурт е природен извор на витамини, помага во согорувањето на масните наслаги, содржи калциум и калиум кои помагаат во исфрлањето на вишокот сол од организмот. Со своите карактеристики, Битолскиот јогурт позитивно влијае на линијата и крвниот притисок, a истовремено има голема хранлива вредност која е потребна на организмот.

Затоа, соберете го вашето семејство и вашите блиски на следниот семеен ручек, заедно уживајте во заедничките моменти и богатата трпеза на која задолжително друштво ви прави незаменливиот Битолски јогурт.