Новиот Битолски густ јогурт е вистински спој на традиција, богат вкус и врвен квалитет

18. Nov 2016

Традиционалниот македонски јогурт од денес е уште погуст! Новиот Битолски густ јогурт е оригинален спој на традиционалниот вкус на Битолски јогурт, млеко со врвен квалитет и домашна рецептура со која се постигнува зголемена густина.

Битолскиот густ јогурт има исклучителна крем-структура и интензивен вкус кој ќе ги израдува сите гурмани и хедонисти. Зголемената густина овозможува интензивно ужиување и дава чувство на ситост и исполнетост. Одличен е во комбинација со традиционални пецива, пити, но и со разни други видови храна со кои се надополнува.

„Битолскиот густ јогурт е оригинален спој на традиционален вкус, домашна рецептура и умешност на нашите врвни технолози. Уште со првата голтка можете да ја почувствувате неговата нова интензивна густина во комбинација со препознатливиот вкус на Битолскиот јогурт. Новиот јогурт на Бимилк е здрава, многу хранлива и квалитетна ужина во комбинација со нашата омилена храна и сигурни сме дека Битолскиот густ јогурт ќе стане неизоставен дел од секоја трпеза“, изјави Полексена Ристеска, маркетинг-менаџер на Млекара АД Битола.

Новиот Битолски густ јогурт доаѓа во ново практично ПЕТ-пакување од 1,5кг, 1кг, 500 г и 250 г за употреба во различни пригоди. ПЕТ-пакувањето овозможува јогуртот да ја задржи својата свежина и неколку денови по неговото отворање.

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нашата веб страна: www.bimilk.mk или Фејсбук страната на Бимилк.