БИМИЛК Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА ФЕСТИВАЛОТ БРАЌА МАНАКИ

Содржината

Култните филмски ликови Малена, Матилда, Жената-мачка, Дороти и Холи беа специјалните гости на БиМилк коктелот и продефилираа на црвениот килим. Свеченото отворање на овогодинешното издание на фестивалот Браќа Манаки беше обележано со коктел за добредојде органзиран од страна на компанијата БиМилк која е новиот генерален спонзор на фестивалот.

Секогаш имајќи го во центарот на своето работење задоволството на потрошувачите, БиМилк им приреди оригинално доживување на гостите овозможувајќи им дегустација на разновидни млечни коктели во атмосфера соодветна на големо фестивалско случување.

Соработката меѓу најголемата македонска млекарница и реномираниот фестивал е во согласност со стратешката определба на компанијата да биде одговорен и активен поддржувач на заедницата: „Поддршката на културата и создавањето богато културно наследство се особено значајни за БиМилк.

Соработката со фестивалот Браќа Манаки дојде природно, добра комбинација на две институции кои во средиштето на своето делување го имаат задоволството на своите консументи: љубителите на квалитетни млечни производи и на филмската уметност. Најновото партнерство со Манаки уште еднаш ја потврдува нашата стратешка определба да бидеме одговорна компанија која активно учествува и придонесува во сите значајни општествени случувања и ја поддржува македонската култура и филмска уметност. ‘‘ – ијзави Генералниот директор на Млекара АД Битола, г-дин Најдовски.

Најголемото изненадување од БиМилк беше појавувањето на неколку култни филмски ликови кои, секој на свој начин, се симбол на филмското платно и ги одбележаа изминатите децении. Под мотото ‘‘Филм на улица‘‘ (Movie on the streets) Малена, Матилда, Жената-мачка, Дороти и Холи продефилираа на црвениот килим предизвикувајќи голем интерес и потсетувајќи ги присутните на легендарните женски ликови одиграни од Моника Белучи во ‘‘Малена‘‘, Натали Портман во ‘‘Леон, професионалецот‘‘, Џуди Гарланд во ‘‘Волшебникот од Оз‘‘, Одри Хепберн во ‘‘Појадок кај Тифани‘‘ и Хали Бери во ‘‘Жената-мачка‘‘.

Во текот на фестивалските денови, истите филмски ликови ќе шетаат низ Широк сокак со што, благодарение на БиМилк, ќе го направат 36. издание на фестивалот незаборавно за сите гости и граѓани на Битола.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.