Бимилк ја додели главната награда за 70 години постоење

Содржината

Главната награда од големата наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“, автомобилот Toyota Corolla Hybrid Hatchback е извлечена и добитник е Јана Постоловска од Скопје. Бимилк ги додели наградите за 70 години постоење, со што го одбележа својот јубилеј и им се заблагодари на најверните потрошувачи за искажаната доверба во производите на првата млекара во Македонија, Битолска млекара.

Благодарност до Бимилк за оваа наградна игра и им посакувам уште многу родендени да славиме заедно. Да продолжат со својата успешна мисија на создавање квалитетни производи, а ние како нивни лојални потрошувачи сме секогаш тука за уживање во нивниот вкус. Едноставно немав зборови кога дознав дека сум добитничка на колата затоа што не верував дека нешто толку големо ќе ми се случи на мене. Затоа верувајте во себе, играјте наградни игри, купувајте македонски производи и секако консумирајте ги највкусните производи на Бимилк, изјави добитничката на главната награда Јана Постоловска.

На наградната игра, која што траеше од 2 мај до 26 јуни, беа пристигнати над 84.000 пријави за учество со што учесниците покажаа дека “Битолско” им е омилениот домашен бренд за млеко и млечни производи и за тоа беа наградувани. Во текот на осумте недели, беа доделени 16 паметни телефони, 16 LED smart телевизори 43", 37 пакети со производи Битолско млеко и највредната награда – автомобил Toyota Corolla Hybrid Hatchback.

Сите добитници и за неделните добивки и за главното извлекување беа добиени со извлекување по случаен избор преку лиценциран софтвер.

 

Подетални информации за сите добитници на награда од наградната игра се достапни на http://www.bimilk.mk/nagradna-igra/#dobitnici .

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.