00 / 00
|

Бимилк ‒ позитивен пример за еколошка и општествено одговорна компанија

Датум на објавување 16.08.2018.

Свеста за зачувување на животната средина расте, а компаниите во Македонија бараат начин како да станат сè повеќе еколошки препознаени. Млекара Битола е еден од позитивните примери за општествено одговорна компанија со високо ниво на еколошка свест и исклучителна грижа за отпадот што го создава, селектирајќи го и рециклирајќи го преку системот на Пакомак.

„Уште од своите почетоци, Млекара Битола има јасна определба да се грижи и да придонесува за локалната заедница каде што функционира, а заштитата на животната средина отсекогаш била еден од приоритетите. Како општествено одговорна и екосвесна компанија, ние имаме обврска и одговорност да се грижиме за амбалажниот отпад и да придонесеме за неговото селективно одложување и ефикасно менаџирање. Со членството во системот на Пакомак сигурни сме дека компанијата соодветно ќе се погрижи амбалажата од нашите производи да биде рециклирана, и со тоа, всушност, заедно дејствуваме за почиста заедница“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

„Да се биде дел од системот на Пакомак подразбира прифаќање на одговорноста за зачувување на животната средина и висока еколошка свест на секоја компанија што е членка на системот. Пакомак повеќе години по ред ги остварува националните цели, континуирано инвестира во комунална инфраструктура и реализира едукативни кампањи за подигнување на еколошката свест кај јавноста. Во 2018 година, повеќе од 50 проценти од отпадот од пакување беа однесени на рециклирање, а вкупната количина собран и рециклиран отпад од пакување до крајот на годината очекуваме да биде повеќе од 24.500 тони амбалажен отпад што се состои од хартија, пластика, стакло, композит, метал и дрво“, изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Бимилк е проактивна општествено одговорна компанија што секојдневно поддржува и инвестира во голем број проекти од општествен интерес, како здрав начин на живот, грижа кон социјално ранливите категории, едукација на потрошувачите, поддршка на културните вредности и, секако, екологија и грижа за животната средина. Годишно преработува повеќе од 40 милиони литри млеко, соработувајќи со над 1.400 фармери кооперанти ширум Македонија. Компанијата ги има имплементирано сите сертификати за квалитет, притоа спроведувајќи строга контрола на сите процеси од производствениот процес, почнувајќи од самото производство, па сè до дистрибуцијата и продажбата. Сепак, одговорноста на Бимилк не престанува со продажбата, туку, напротив, продолжува и преку третманот на амбалажата, како дел од целокупното општествено дејствување.

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини: Прво чоколадно млеко за сите возрасти

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е новиот вкусен, здрав и хранлив чоколаден млечен производ од Битолска млекара. Првото чок...

22.07.2020.

Есенцијални состојки за здрав раст на децата

Дури и мали деца знаат дека млекото нè прави силни и здрави. Млекото и млечните производи ни обезбедуваат приближно 75% од калциум...

23.06.2020.

Битолски сладолед со 10 витамини: Млечен сладолед за сите возрасти

Битолска млекара и Цермат го лансираат првиот млечен сладолед со 10 витамини на пазарот. Новиот производ е наменет за сите возраст...

04.06.2020.

Бимилк го одбележа денот на млекото со донација во Заводот за рехабилитација на деца и младинци

По повод 1ви јуни, Светскиот ден на млекото Битолска млекара реализираше значајна донација во производи за задоволување на потреби...

01.06.2020.

Стоматолозите препорачуваат јогурт и млеко за заштита на усната празнина од патогени микроорганизми

Млекото и јогуртот имаат бројни предности за здравјето без разлика дали станува збор за млад организам што расте и се развива или...

27.05.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal