00 / 00
|

Битолски сладолед со 10 витамини: Млечен сладолед за сите возрасти

Датум на објавување 04.06.2020.

Битолска млекара и Цермат го лансираат првиот млечен сладолед со 10 витамини на пазарот. Новиот производ е наменет за сите возрасти, а посебно за децата што произлегува од неговиот состав. Произведен е со познатото Битолско млеко, што придонесува за богатиот млечен вкус, а присуството на десетте најнеопходни витамини му дава дополнителна вредност и здравствени придобивки.

Бимилк и Цермат повеќе од две години работеа активно на развој на овој производ, мотивирани пред се од потребата на потрошувачите, да им понудат млечен десерт на своите најмили, којшто нема да биде дилема кога е во прашање најголемото летно задоволство. Присуството на 10те витамини, нутритивните карактеристики и високо-квалитетното полномасно млеко, го прават корисен во поглед на исхраната и со здравствени придобивки, а во исто време е и забавен за децата”, изјавија од Бимилк.

Новиот производ е резултат на првата соработка меѓу двете водечки компании во земјава. Сладоледот според составот е единствен на нашиот пазар а е резултат на искуството и современата технологија на Цермат, збогатена со искуството и знаењето на Бимилк како лидер во млечната индустрија.

„Следејќи ги највисоките стандарди за квалитет и производство на сладолед со најсофистицирана опрема и европски стандарди, и овој пат произведовме сладолед кој со својот патентиран изглед и форма, но и одлично балансиран сооднос на состојки, претставува уникатен сладолед во нашата држава и во регионот. Нашата цел е континуиран развој на производството на сладолед и збогатување на нашето портфолио преку постојано инвестирање во иновации на пазарот”, изјавија од Цермат.

Производот е достапен е со два преливи, бело белгиско чоколадо и темно белгиско чоколадо. Сладоледот со десет витамини е проширување на портфолиото на Битолско, што опфаќа Битолски јогурт и млеко со десет витамини.

Препораки од имунолог: Зајакнете го имунитетот кај децата со витаминска исхрана

Пред да биде изложено детето на ризик од вирози, настинки и други инфекции, потребно е во младиот организам да се создаде силен им...

16.10.2020.

Д-р Ставриќ советува: Како да се подготви детето пред есенскиот период на вирози и настинки

Со доаѓање на есента зачестуваат и респираторните инфекции кај децата. Во првите години од животот нормално е детето да има по 8 и...

28.09.2020.

Што е важно за исхраната во овој период?

Исхраната и правилниот избор на намирници за дневното мени ја имаат најголемата одговорност во создавањето здрав организам отпорен...

11.09.2020.

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини за поздраво детство

Внесувањето здрави и корисни состојки што го поттикнуваат развојот на детскиот организам е една од главните грижи на секој родител...

20.08.2020.

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини: Прво чоколадно млеко за сите возрасти

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е новиот вкусен, здрав и хранлив чоколаден млечен производ од Битолска млекара. Првото чок...

22.07.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal