Чаша свежо млеко на ден за добро здравје

Содржината

Свежото млеко е синоним за фантастичен и полн вкус на млеко. Но една чаша кравјо свежо млеко крие и голем број суштински хранливи материи и е одличен извор на витамини, протеини и калциум кои помагаат во создавањето и зајакнувањето на коските, ги штитат забите и ги хранат мускулите.

Токму поради овие значајни позитивни ефекти врз нашиот организам, свежото млеко веќе со години е омиленото млеко на голем број научници и нутриционисти и, секако, на голем број љубители на оваа здрава напивка.

Следејќи ги светските трендови, желбите на потрошувачите, како и препораките од врвните светски нутриционисти, Бимилк на македонскиот пазар нуди висококвалитетно свежо млеко од најдобрите домашни фарми.

За разлика од амбалажата во која бевме навикнати да го купуваме свежото млеко во минатото, Битолското свежо млеко доаѓа во непроѕирна картонска амбалажа којашто обезбедува апсолутна заштита на млекото и на тој начин го одржува неговиот врвен квалитет. Ова млеко содржи богатство од хранливи состојки кои се важни за зачувување на здравјето во ова модерно стресно секојдневие во кое голем дел од популацијата се соочува со здравствени проблеми.

Свежото млеко на Бимилк има голем број протеини, витамини А, Де и Е, минерали, хранливи материи, аминокиселини и калциум. Свежото млеко содржи идеална комбинација на калциум и фосфор која овозможува нивно комплетно искористување во организмот. Во 100 мл млеко има помеѓу 100 и 150 мг. калциум, а дневната потреба на организмот е помеѓу 700 и 1200 мг, во зависност од возраста, полот и здравствената состојба.

Редовното пиење свежо млеко придонесува да имаме здрави коски, мазна и еластична кожа, влијае на спречувањето на дехидратацијата на организмот и помага во борбата против остеопороза.

Препораката од нутриционистите е  редовно да се консумира свежо кравјо млеко, особено помладата популација која сè уште расте и се развива.

Поради своите уникатни карактеристики и богат вкус,  Битолското свежо млеко е, без конкуренција, најквалитетното и највкусното кравјо млеко на пазарот.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.