00 / 00
|

Детски цртачки работилници и изненадувања од Бимилк во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“

Датум на објавување 20.09.2019.

Во рамките на јуниор-програмата на јубилејното 40-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, компанијата Бимилк повторно приреди креативно изненадување за најмладите љубители на филмот.

Имено, од 16 до 20 септември, на црвениот тепих пред Центарот на култура во Битола, по завршувањето на филмовите од детската програма, Бимилк организираше детски цртачки работилници на тема „Нацртај го твојот омилен филмски јунак“. Во текот на работилниците, децата имаа можност да се дружат со Битолското чупе и заедно да ги нацртаат своите херои од филмското платно.

„Ремек-делата“ на младите уметници беа изложувани на пано поставено на црвениот тепих, а за нивното учество беа наградувани со Битолски јогурт и со балони, на кои беше испишана пораката „Порасни до облаците со Битолски јогурт“.

„Поддршката на културата и локалната заедница отсекогаш биле важни во нашето општествено дејствување, но задоволството е уште поголемо кога станува збор за најмладата публика на фестивалот, затоа што веруваме дека љубовта кон филмот и кон другите области од уметноста треба да се поттикнува уште од најрана возраст. Токму затоа, годинава одлучивме уживањето во филмовите од јуниор-програмата да го збогатиме со цртачки работилници, во кои децата на креативен начин, пред сè, ќе учат за седмата уметност, но и ќе ја изразат и ќе ја пренесат својата љубов кон филмот“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

„Вакви содржини ѝ недостасуваат на Битола. Потребни се повеќе настани во текот на целата година во нашиот град, во кои ќе бидат вклучени и децата“, ни изјави еден од родителите присутен на детските цртачки работилници.

Во рамките на детската програма на 40-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ беа прикажани 5 филма од данска, чешка, руска, словачка и белгиска продукција, а Млекара АД Битола континуирано дава поддршка на фестивалот, и тоа најчесто токму на јуниор-програмата.

Битолски со 10 витамини - прв јогурт со збогатен состав за поздраво детство

Новиот јогурт е проширување на портфолиото Битолско со 10 витамини, со цел да се понудат производи што се хранлива поддршка на сек...

20.02.2020.

Зошто ни е неопходен калциумот и која е улогата на Д3 витаминот?

Калциумот е важен за здрави и цврсти коски. Тоа е нешто што речиси секој од нас го знае како факт.

11.02.2020.

Пет причини зошто треба да кажеме ДА за свежото млеко

Во светот сѐ повеќе расте бројот на поддржувачите на свежото млеко кои што тврдат дека бројни се придобивките од консумирањето во...

04.02.2020.

Дали свежото млеко треба да се вари?

Свежото млеко е најдобриот избор за здрав хранлив пијалак што изобилува со нутритивни состојки.

28.01.2020.

Како да ги препознаете знаците на остеопороза и како влијае консумацијата на Д3 витамин?

Зголемената физичка активност, помало консумирање алкохол и цигари и соодветна исхрана каде има зголемен степен на калциум се од г...

24.01.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal