00 / 00
|

Есенцијални состојки за здрав раст на децата

Датум на објавување 23.06.2020.

Дури и мали деца знаат дека млекото нè прави силни и здрави. Млекото и млечните производи ни обезбедуваат приближно 75% од калциумот што ни е потребен, како и голем број други важни витамини и минерали. Исто така, млечните протеини се целосни протеини затоа што содржат есенцијални аминокиселини кои организмот не може самостојно да ги произведе.

Стекнувањето навика за редовно консумирање млеко, уште од најмала возраст е една огромна услуга што можете да ја направите за вашето дете. Калциумот, кој го има во големи концентрации кај млекото, е есенцијален во мускулната функција но исто така и за цврсти и силни коски, а кај растот на децата најважно е правилното оформување на коските. Правилниот раст и развој во голема мера зависи од начинот на исхрана кај децата и од хранливите материи кои нивниот организам ги црпи од истата. Функционалната храна, која е збогатена со есенцијални хранливи материи е одличен начин да се задоволат потребите на детскиот организам. Таков пример е функционалното млеко со 10 витамини на македонската компанија Бимилк. Ова млеко содржи витамин А, кој се грижи за добар вид, Б5 кој игра улога во регенерација на телото, витамин Б7 кој е потребен за здрава коса и кожа, витамин Б6 кој го зајакнува имунитетот, витамин Д3, витамин Е, Б12, Б9 за добар раст и развој, Б1 за здраво срце и мускули и Б3 за енергија. Млекото вклучува до 5% лактоза, т.е. млечен шеќер, кој како јаглехидрат е важен извор на енергија, особено за децата. Лактозата му помага на организмот да апсорбира калциум и фосфор.

Млекото е, исто така, потребно и за младите. Калциумот е градежна единка на телото. Таа е важна компонента во човечките коски и забите. Клучна е и за нормално функционирање и испраќање нервни импулси до и од мозокот, за мускулна активност и за коагулација на крвта. Долгорочен дефицит на калциум може да доведе до заболување на коските во подоцнежниот период од животот. Кравјото млеко има многу минерали, вклучувајќи ги и важните макроелементи, калциум, фосфор, магнезиум и калиум и микроелементите бакар, железо, цинк, флуорид, алуминиум, бор и селен. Сите овие минерали се важни за метаболизмот и зајакнувањето на крвта. Полномасното млеко, како на пример битолското млеко со 3,2% и 3,5% масленост, е важен извор на витамини затоа што ги вклучува скоро сите витамини растворливи во вода и во масти. Витамини А, Д и Е се важни за подобра апсорпција на калциум. Меѓу витамините растворливи во вода, најважни се витамините во групата Б, кои пред сè го одржуваат нашиот нервен систем. Ова е исто така причината зошто се препорачува да се пие топло млеко и мед пред спиење за да се обезбеди подобар сон.

За помагање на извесни процеси, за учествување во растот и развојот, повеќе од јасно е дека редовното консумирање млеко има докажани придобивки.

Препораки од имунолог: Зајакнете го имунитетот кај децата со витаминска исхрана

Пред да биде изложено детето на ризик од вирози, настинки и други инфекции, потребно е во младиот организам да се создаде силен им...

16.10.2020.

Д-р Ставриќ советува: Како да се подготви детето пред есенскиот период на вирози и настинки

Со доаѓање на есента зачестуваат и респираторните инфекции кај децата. Во првите години од животот нормално е детето да има по 8 и...

28.09.2020.

Што е важно за исхраната во овој период?

Исхраната и правилниот избор на намирници за дневното мени ја имаат најголемата одговорност во создавањето здрав организам отпорен...

11.09.2020.

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини за поздраво детство

Внесувањето здрави и корисни состојки што го поттикнуваат развојот на детскиот организам е една од главните грижи на секој родител...

20.08.2020.

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини: Прво чоколадно млеко за сите возрасти

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е новиот вкусен, здрав и хранлив чоколаден млечен производ од Битолска млекара. Првото чок...

22.07.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal