00 / 00
|

Крива Паланка доби нов спортско-рекреативен простор

Датум на објавување 27.09.2019.

Крива Паланка, 24 септември 2019 г. ‒ По отворањето на двете Balans+ Зони во Скопје и во Битола, Бимилк во соработка со Пакомак денес отворија уште еден спортско-рекреативен простор, овој пат на истокот од Македонија, во општина Крива Паланка.

Како локација за новата Balans+ Зона е избран кејот на Крива Река спроти главната магистрала во Крива Паланка. Донацијата вклучува поставување повеќе справи за рекреација и одржување на балансот на телото под брендот на „Balans+“, како и уредување на овој дел од градот.

„Среќни сме што развивме соработка со Општина Крива Паланка во насока на отворање нови содржини за жителите на овој град и разубавување на градот. Ова спортско катче е дел од стратегијата на компанијата да допре до колку што е можно поголем број граѓани од целата држава и да ги поттикне на спорт и рекреација, како начини на здраво живеење. Преку нашиот бренд ‘Balans+‘ континуирано ги истакнуваме придобивките од редовното консумирање здрава исхрана, па веруваме дека новата спортско-рекреативна зона под брендот на ‘Balans+‘ ќе ја пренесе нашата порака за важноста од практикување спортски активности, како начин за постигнување баланс на телото“, истакна Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, по повод отворањето на новата Balans+ Зона истакна: „Оваа донација од Бимилк во соработка со Пакомак е од исклучително значење за граѓаните на Крива Паланка не само поради тоа што сега градот има ново место за спорт и рекреација, туку целиот овој простор на кејот е разубавен и стана поатрактивен за посета и за разонода од страна на сите наши сограѓани. Здравиот начин на живеење, зголемените физички активности и позитивните животни навики ќе придонесат за создавање идни здрави генерации. Во исто време се надеваме дека оваа донација ќе биде поттик за инвестирање и покажување на својата општествена одговорност и од страна на други компании во државата“.

„Веруваме дека отворањето на новата Balans+ Зона во соработка со Бимилк ќе ги поттикне граѓаните на Крива Паланка да инвестираат во себе и во своето здравје, а со тоа да ја зголемат и грижата за околината во која живеат, како и создавањето чувство на одговорност кон амбалажниот отпад“, истакна Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак, Друштво за управување со пакување и отпад од пакување.

Од Бимилк и од Пакомак упатуваат отворена покана до жителите на Крива Паланка и до околните градови да ја посетат новата Balans+ Зона со цел искористување на придобивките од редовни физички активности за себе и за сопственото здравје, но истовремено и за подигнување на свеста за грижа за околината.

Совет од стоматолог: Зошто децата треба да пијат млеко и јогурт

Да се консумираат храна и напитоци богати со витамини и минерали е првиот и основен чекор што треба да се направи за зајакнување н...

13.05.2020.

Битолска млекара со нова финансиска помош за Министерството за здравство

Битолска млекара повторно излезе пресрет на Министерството за здравство и обезбеди финансиска помош за сервисирање и репарација на...

30.04.2020.

Во услови на пандемија, здравјето на вработените и задоволниот потрошувач ни се на прво место

Ѓорѓи Петрушев, Генерален директор

24.04.2020.

Битолска млекара повторно со донација, финансиска поддршка за Министерство за здравство

Битолска млекара излезе пресрет и обезбеди финансиска помош за ургентните потреби на Министерството за здравство за сервис и репар...

06.04.2020.

Битолска млекара предвреме плати 15 милиони денари данок на добивка и донираше за битолската болница

Битолска млекара изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина...

03.04.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal