Нова техничка опрема од акцијата „Хуманоста е важна“

Содржината

Заедничката донаторска и хуманитарна акција на Бимилк и Тинекс под мотото „Хуманоста е важна“ денеска им донесе нова техничка опрема на децата и младинците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ – Скопје.

Оваа јавна установа обезбедува рехабилитационо – корективен третман на деца и младинци со умерени, тешки и комбинирани пречки во интелектуалниот развој.

„Овој третман е комплексен и во себе содржи повеќе сегменти: дневно и интернатско згрижување, воспитание, образование, работно оспособување, работно ангажирање, здравствена заштита, како и културно–забавен и спортско–рекреативен живот на нашите корисници. За таа цел една од приоритетните активности во изминатиот период е обезбедување на средства за опремување на просториите каде престојуваат овие лица со соодветен мебел, компјутери и останати неопходни материјали – истакна м-р Анета Стефановска – помошник директор на Заводот.

Во пресрет на потребите на Заводот излегоа компаниите Млекара АД Битола и Тинекс, кои преку акцијата „Хуманоста е важна“ заедно со граѓаните на нашата држава овозможија со секое купено Бимилк млеко да се обезбедат средства во вкупен износ од 150.000 денари.

Денеска во Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ – Скопје беа врачени 3 лаптоп компјутери, 4 печатачи, 5 радио и цеде плеери во вредност од 75000 денари, додека во Битола во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ во истиот износ ќе се доделат– 80 јоргани и 80 постелнини.

“Техничките средства, односно техничките помагала кои ги дониравме се повеќе од потребни за оваа институција и посакуваме истите да им помогнат на децата и младите во нивниот социјален и едукативен развој“– истакна главниот бренд директор на Тинекс – Цветанка Христовска.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.