Придобивките од јогуртот и киселото млеко за здравјето на сите генерации

Содржината

Јогуртот и киселото млеко се омилените млечни производи на сите генерации, а придобивките од нивното секојдневно консумирање се многу и се со огромно значење.

Покрај прекрасниот вкус кој го имаат, и различните начини на кои може да се комбинираат со останатата храна, јогуртот и киселото млеко се два млечни производи кои имаат многу корисни ефекти врз здравјето на децата и возрасните.

Тука како прва придобивка мора да го споменеме дигестивното здравје, односно подоброто варење на храната – кое може да го забележиме доколку секојдневно ги консумираме овие производи. Активните култури на јогуртот и киселото млеко можат да ни помогнат при одредени гастроинтестинални состојби, како што се констипација, дијареја, нетолеранција на лактоза, нервозни црева…

Јогуртот и киселото млеко можат значително да помогнат во јакнење на имунитетот. Тие содржат протеини и се важен извор на аминокиселини. Содржат значителни количини на минерали калциум, магнезиум, железо, јод, калиум и цинк и со тоа придонесуваат за подобро здравје на целиот организам. 

Превенција од остеопороза, намален ризик од висок крвен притисок, но и помош при намалувањето на килограмите се само плус придобивки од консумирањето на овие млечни производи.

Затоа и стојат во листата на омилени производи кај сите генерации… Познато е дека уште при почетоците на исхрана на бебињата, веднаш после првата година родителите често приготвуваат оброци за своите најмали кои содржат јогурт или кисело млеко. Овес со јогурт, палента со кисело млеко, овошен јогурт, па и попара- се само дел од таквиот избор. Возрасните пак ги избираат за верен сојузник со секој појадок или вечера.

Токму затоа Бимилк, како општествено одговорна компанија ги наградува своите лојални потрошувачи со гратис на најпородаваните млечни производи кои сега се достапни во поголемо пакување. Кампањата „Повеќе омилен вкус“ започна од 14-ти април и со неа добивате Битолски јогурт 1450g + 250g ГРАТИС, Битолски густ јогурт 1450g + 250g ГРАТИС, Бaланс+ 1450g + 250g ГРАТИС и Битолско кисело млеко 400g + 80g ГРАТИС.

 

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.