00 / 00
|

Во услови на пандемија, здравјето на вработените и задоволниот потрошувач ни се на прво место

Датум на објавување 24.04.2020.

1. Заканата од ширењето на болеста предизвикана од коронаврусот целосно го поремети нормалното одвивање на сите активности во државата. Секако, освен заканата по човечки животи, многу голема е и онаа по стопанството кое трпи сериозни штети? Како Вие како Бимилк се справувате со новонастанатата состојба?

Од самиот почеток, делуваме на единствениот разумен начин во ваква ситуација - продолжуваме да го работиме тоа во што сме најдобри, со цел да го одржиме континуитетот на производството и дистрибуцијата, да ги заштитиме нашите вработени и да дадеме свој придонес за општата состојба во државата. Се појавуваат проблеми, но за секој нов проблем наоѓаме решение. За таа цел, беа формирани и работни групи за примена на брзи, креативни и прагматични одговори на одделни проблеми, често пати предвидувајќи и барајќи решенија однапред.

Истовремено во целост и строго ги почитуваме препораките за заштита и превенција упатени од Министерството за здравство во сите делови од работењето. На тој начин, обезбедивме континуирано производство и достава на производите до сите делови од државата.

Секако, не заборавивме на нашите партнери – фармерите, на кои им понудивме разни форми на поддршка со цел пребродување на кризните моменти и обезбедување на континуитетот на нивните активности. Нив ги гледаме исклучиво како составен и нераскинлив дел од нашиот систем.

 

​2. Дали производството и пласманот на производите на Бимилк се одвиваат нормално и во вакви околности, особено кога е зголемена потрошувачката на прехранбени производи?

Верувам дека не постои човек на планетава кој во периодов ќе Ви каже дека било што е нормално. Сепак, целата прехранбена индустрија па и БиМилк во тие рамки, многу брзо се мобилизираше. Во оваа ситуација, во целост дојде до израз важноста на доброто претходно планирање, што ни овозможи кризата да ја дочекаме спремни и да го премостиме првиот момент на потрес и шок. Затворањето на границите и целосниот прекин на транспортот во текот на неколку дена во март, створи сериозни предизвици и го напрегна ланецот на снабдување до работ на пукање.

Истовремено, се соочивме и со предизвикот на големиот раст на побарувачката на прехранбени производи, на моменти и паничното купување и креирање домашни залихи. Затоа и истапивме со смирувачки пораки до потрошувачите дека нема потреба од панично купување храна, зашто сите бевме максимално посветени да се обезбеди доволно и навремено снабдување.

 

3. Колку најновите и порестриктивни мерки околу дозволеното движење на граѓаните ќе влијаат на работењето на Бимилк?

Во делот на снабдувањето со сурово млеко и производството, самите рестриктивни мерки немаат влијание. Одредени стратешки сектори на економијата мораат да продолжат со работа дури и во случај на најстроги мерки и ограничувања на движењето. Тука би ги спомнал здравствените организации, одбраната и безбедноста, обезбедувањето стратешки производи и услуги како што се лекови, електрична енергија, вода, гориво, комуникации и се разбира производството на храна.

Главниот предизвик е исправен пред дистрибуцијата и малопродажбата, кои мораат да одговорат на зголемената побарувачка во скратено време за работа и пристап на потрошувачите до малопродажните објекти. Во овој период веќе не се работи за вообичаените пикови пред празници, кои ни се познати и за кои има претходни искуства. Се работи за една уникатна ситуација за која никој од нас нема претходно искуство, ниту прирачник за постапување.

Но, работиме упорно и посветено и од тоа нема да отстапиме, со цел да ги задоволиме потребите со квалитетен производ во најголема можна мерка, при целосно запазување на правилата за превенција и заштита.

 

4. Владата донесе низа мерки за полесно справување на стопанството со кризата. Колку тие Вам како голема компанија ќе ви помогнат и дали сметате дека се потребни и други чекори?

Кога зборуваме за мерки за полесно справување со кризата, треба да се биде искрен и да се каже дека не постојат мерки кои имаат само финансиски деноминатор. Постојат и активности кои не можат да се искажат конкретно во евра и денари, но имаат огромно значење за континуираното функционирање на стратешките дејности.

Во таа смисла, не можам, а да не ја истaкнам одличната соработка и поддршка што од самиот почеток на кризата ја имавме и ја имаме од одделни министри, ресорните министерства и државните органи, органите на безбедноста, Царината, Агенцијата за храна и ветеринарство, Пазарната инспекција, центрите за јавно здравје, локалната самоуправа, Стопанската комора и други.

Во првите денови од кризата, кога една по друга државите почнаа да ги затвораат границите и се закануваше прекин на снабдувањето со клучни суровини и репроматеријали, добивме одлична респонзивност на предлозите, барањата и потребите на целата прехрамбена индустрија.  Преку континуирана заедничка комуникација, често пати делувавме и антиципативно, предвидувајќи можни ситуации, барајќи модалитети и решенија.

Се направија меѓудржавни протоколи за транспортерите, протоколи за транспорт на суровини и репроматеријали во рамки на земјата и дотур на производи до малопродажбата, заштита на нашите работници, непречена работа во смена, работа од дома.

Што се однесува до мерките наменети за ублажување на финансиските загуби и заштита на работните места во економските сектори кои трпат најголема штета, ценам дека е најзначајно тоа што постои флексибилност и спремност првично донесените мерки да бидат изменети и дополнети. На тој начин се создаваат услови да пружат најголем можен ублажувачки импакт, имајќи сепак предвид дека ние како земја, немаме на располагање неограничени средства и ресурси.

Неминовните економски контракции предизвикани од пандемијата, нема да остават нечепнат ниту дел од економијата, директно или индиректно, сега или во некој момент подоцна, така што нема да остане сектор каде нема да биде потребна одредена форма на поддршка, од примарното производство, па се до готовите производи.

 

5.  Бимилк беше и меѓу првите компании која изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година. Која беше целта на овој Ваш чекор? Истовремено, како општествено одговорна компанија од почетокот на кризата имавте низа донации. Дали со нив беше опфатена само локалната заедница?

Предвременото плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина од 15 милиони денари, беше извршено со верба дека на тој начин ќе придонесеме кон ублажување на последиците од вонредната ситуацијата настаната поради пандемијата на КОВИД 19. Во период кога целото општество се соочува се една ситуација која за сите нас носи бројни непознаници, сметавме дека треба да ја покажеме нашата одговорност кон заедницата, да делуваме заеднички и да покажеме единство со сите државни и општествени процеси.

Во тие рамки, секако дека ја ставаме и грижата за локалната заедница и реагираме соодветно за да помогнеме онаму каде има потреба, преку разни форми на донации, како на пример за Битолската клиничка болница, поддршката на активностите на локалниот Црвен крст и слично.

Секако, нашата поддршка ја опфати и пошироката заедница, па обезбедивме и финансиска помош за ургентните потреби на Министерството за здравство за сервис и репарација на апарати за респираторна нега, коишто се потребни за Инфективната клиника во Скопје.

 

6. Новонастанатата состојба предизвикана од заканата која ја носи вирусот КОВИД-19 веројатно најдобро покажува колку се важни домашните компании за земјата. Што очекувате откако кризата ќе помине во насока на барањата, потребите и општо функционирањето на домашните компании?

На оперативно ниво, кога оваа криза ќе помине и ќе почне рестартирањето на сите сектори на економијата, како компании ќе мораме барем уште некое време да продолжиме со примена на голем дел од протоколите за заштита и превенција кои се актуелни во моментов. Примената на овие протоколи и практики ќе мора да ја гарантираме со несмалена строгост и надзор. Веројатно со тек на време дел од нив ќе ни станат и животен стил и навики.

Сите ние ќе мора уште повеќе да вложуваме во здравствената безбедност и заштита на вработените и процесите, во информатичката инфраструктура, дигитализација и друго потребно за примена на новите работни практики. Не треба да ги заборавиме и вложувањата во подобрени логистички капацитети, барање алтернативни добавувачи.

Во сите овие делови кои креираат нови и досега непознати потреби или барем многу поголем обем на познати потреби, верувам дека голем број домашни компании брзо ќе се адаптираат и ќе истапат со соодветна понуда, заменувајќи ја така увозната зависност. Веќе имаме добри примери во делот на производство на заштитна опрема во текстилната индустрија, дезинфициенси во фармацијата и хемиската индустрија, ИТ решенија и платформи.

Се разбира, сите овие вложувања, трансформации и адаптации на новите околности чинат пари и голем број компании ќе имаат потреба од финансиска поддршка за нивна реализација. Оттука, после првиот момент, во кој финансискиот стимул е фокусиран на ублажување на кризниот шок, зачувувањето на работните места и семејните приходи, во натамошните фази ќе мора да се прошири рамката за финансиска поддршка, како по обем, така и по опфат.

Се надеваме дека ќе имаме можности за тоа, со цел уште повеќе да се поттикне појавата на нови домашни компании, кои ќе најдат свој интерес и пазар за потребите кои веќе ги набројав. Верувам дека ќе се создаде и програма за зголемени инфраструткурни  и капитални вложувања во кои првенствено ќе бидат ангажирани домашни компании, со цел натамошно придвижување на економијата и забрзување на процесот на економско заздравување

На самиот крај и неврзано со поставените прашања, би сакал уште еднаш да упатам апел до сите сограѓани да се заштитат, да ги следат официјалните препораки и да бидат безбедни, за оваа криза побрзо да помине и никогаш да не се повтори.

Совет од стоматолог: Зошто децата треба да пијат млеко и јогурт

Да се консумираат храна и напитоци богати со витамини и минерали е првиот и основен чекор што треба да се направи за зајакнување н...

13.05.2020.

Битолска млекара со нова финансиска помош за Министерството за здравство

Битолска млекара повторно излезе пресрет на Министерството за здравство и обезбеди финансиска помош за сервисирање и репарација на...

30.04.2020.

Битолска млекара повторно со донација, финансиска поддршка за Министерство за здравство

Битолска млекара излезе пресрет и обезбеди финансиска помош за ургентните потреби на Министерството за здравство за сервис и репар...

06.04.2020.

Битолска млекара предвреме плати 15 милиони денари данок на добивка и донираше за битолската болница

Битолска млекара изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина...

03.04.2020.

Готвиме со Фичо – Предлози за брзи и лесни сосови за повкусни јадења

Во услови кога сме дома и имаме ограничени ресурси со рецепти кои се повторуваат, познатиот готвач Филип Поповски Фичо дава идеи к...

01.04.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal