Започна големата наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“

Содржината

Омилениот домашен бренд за млеко и млечни производи, “Битолско” во знак на благодарност кон потрошувачите за дадената доверба, организира наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“. Со наградната игра по повод 70 години постоење, компанијата ги наградува верните потрошувачи со 70 вредни награди, а главната награда е автомобил Toyota Corolla Hybrid.

За учествување во наградната игра доволно е само да купите некој од производите од портфолиото „Битолско“ во вредност од најмалку 70 денари на една фискална сметка. Потоа потребно е бројот на фискалната сметка и времето на плаќање да се испрати преку СМС порака на бројот 149 499 од операторите Македонски Телеком и А1 како и преку веб страната www.bimilk.mk/nagradna-igra. СМС пораката чини 5,9 ден.

Наградната игра започна на 2ри мај и ќе трае до 26 јуни до кога ќе може да се испраќаат пораките. Ќе има осум неделни извлекувања и секој понеделник ќе се доделуваат по два мобилни телефони и два LED Smart телевизори. Главното извлекување е закажано за 27 јуни кога ќе биде доделена и главната награда, автомобил Toyota Corolla Hybrid Hatchback.

Добитниците ќе се извлекуваат по случаен избор, преку софтвер.

Купувајте производи од брендот Битолско, уживајте во производите и праќајте СМС со податоци од фискалните сметки. Редовно проверувајте ги телефонските повици /СМС пораките на својот мобилен телефон, бидејќи можеби токму вие ќе бидете добитник на некоја од вредните награди. 

Подетални информации за наградната игра се достапни на линкот www.bimilk.mk/nagradna-igra

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.