Состојки
-
300 g тестенини
-
250 g спанаќ
-
100 g пармезан
-
150 g Битолска павлака
-
сол, бибер, лук во прав
-
20 g путер,
-
маслиново масло
Подготовка
Тестенините се варат во солена вода ал денте. Се процедуват и се ставаат во тава за печење. Спанаќот се динста на путер и маслиново масло, се додава еден филџан вода во која се вареа тестенините.
Се динста уште 5-7 минути на тивок оган. На крај се додава Битолска павлака, сол, лук и ренданиот пармезан. Со сосот се полеваат тестенините. Се печат 10 минути на 200 степени.