Состојки
180g Битолска павлака
250g брашно
½ кесичка сув квасец
2 лажици масло
кашкавал
јајце за премачкување
Подготовка
Замесете ги состојките во меко тесто. Веднаш почнете со работа и земајте мали топчиња од тестото.
Малку развлечете ги топчињата и во средината ставете коцка кашкавал.
Убаво преклопете и оформете го топчето.Редете ги на плех и откако ќе ги направите сите оставете ги 15-20 минути да одморат.
Премачкајте ги со јајце и печете ги 15-20 минути во загреана рерна на 180 С.
Оставете кратко да подизладат.
На здравје!