Ќофте во сос со Битолско кисело млеко

  • 35 мин
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • За ќофтето​:

  • 500g мешано мелено месо​

  • 1 јајце​

  • 1 помала главица кромид

  • 2-3 лажици ситно сецкан магдонос​

  • 1/3 чаша ориз (чаша од 250ml)​

  • Малку бибер и сол​

  • 2-3 лажици брашно​

  • За буљонот​:

  • 1-2 моркова​

  • 1 помал корен и стебло целер ​

  • 1/2 лажичка сол​

  • За сосот​:

  • 60-80g путер ​

  • 3-4 лажици брашно​

  • 4 жолчки​

  • 400g Битолско кисело млеко​

  • сок од 1/2 лимон​


Подготовка

  1. Ќофте :
    – Се сецка ситно кромидот.
    – Се мешаат меленото месо, јајцето, кромидот и магданосот. Се зачинува со сол, бибер, чубрика и се меси меленото месо. Потребно е добро да се измеша. Се додава измиениот ориз и повторно се меша.
    – Оформете округли форми во големина која вие ја сакате. Валкајте ги вака приготвени во брашното.

  2. Буљон:
    – Во подлабоко тенџере ставете вода и додадете го морковот, коренот и стеблото заедно со листовите целер и сол. Оставете нека зоврие.
    – Во зовриената вода ставете ги ќофтињата и нека се варат се додека испливаат на површината. Со решетка лажица извадете ги.

  3. Сос:
    – Во подлабока тава или друго тенџере ставете да се стопи путерот или доколку користите масло – истото да се загрее. Ставете го брашното и мешајте постојано додека се запржи. Потоа додавјате од буљонот се додека не ја добиете саканата густина – односно треба да добиете ретка хомогена каша. Внимавајте да не ви се направат грутчиња, постојано мешајте.
    – Во посебен сад изматете ги жолчките со киселото млеко, додајте ја лимоновата киселина. Со црпалка земајте од кашата и додајте во сосот од јајцата и Битолското кисело млеко.
    – Тргнете го тенџерето со кашата, во него внимателно налејте го сосот од жолчките и Битолското киселото млеко, вратете на огнот тивко да проврие, па потоа тргнете го од оган.
    По желба ставете бибер, рендана кора од лимон..
    Добар апетит!

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.