Бимилк > За нас
За нас
Следењето на светските трендови, како и инвестициите во нови софистицирани технологии со целосна посветеност на безбедноста и квалитетот на производите и производствениот процес, овозможија проширување на асортиманот и креирање на производи кои што ја потврдуваат лидерската позиција на нашата компанија во индустријата за млеко и млечни производи.
Компанијата поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната – ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната средина ISO 14000 и е единствена млекарница во Р. Северна Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е доказ за врвниот квалитет на нашите производи. Со имплементацијата на сите овие стандарди Млекара АД Битола обезбедува висококвалитетни и безбедни производи за илјадниците потрошувачи кои дневно ги користат нејзините производи. Токму затоа континуираното унапредување на квалитетот и безбедноста на храната, притоа водејќи грижа за зачувување и подобрување на животната средина, претставува основна цел и врвен приоритет на компанијата.
За успехот на една компанија, покрај деловниот резултат, говори и нејзиниот активен придонес кон развојот на општествената заедница. Хуманитарната акција „Прегратка на дар“ на Млекара АД Битола е добитник на домашна награда и на меѓународно признание за најдобра општествена практика во категоријата големи компании од Иницијативата „Европски систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“ во Брисел.
Заштита на животната средина
Заштита на животната средина е основа за здравиот живот и воедно основна обврска на секој поединец, компанија или општествена заедница.
Мисија и визија
Обезбедување на потрошувачите со здрави, вкусни и хранливи производи со цел подигнување на нивото на свесност и неопходноста од здрав и избалансиран начин на исхрана.
Општествена одговорност
Придонесот на „Млекара АД Битола“ кон доброто на заедницата е важен дел од нашата корпоративна стратегија.
Историја
Денешната индустрија за млеко, млечни производи и сокови, Млекара АД Битола, своите корени ги влече од далечната 1952 година, кога од повеќе трговски претпријатија е формирано Млекарско претпријатие „Млекар“ Битола со што е формирана првата млекарница во Македонија. Нејзиниот дневен капацитет тогаш изнесувал 10.000 литри.
Направена е реконструкција на млекарницата, со можност да преработува 20.000 литри млеко на ден.
Млекарницата се присоединува кон Земјоделско индустрискиот комбинат „Пелагонија“ во Битола.
Во декември 1984 година, млекарницата се вселува во целосно нови објекти лоцирани на патот за село Долно Оризари и одтогаш до денес успешно работи и делува на оваа локација.
Во текот на септември, млекарницата повторно се издвојува од Земјоделско индустрискиот комбинат „Пелагонија“ Битола, при што во текот на 1990-1991 година започнува приватизација на капиталот.
Приватизацијата на капиталот завршува во целост до крајот на 1996 година. Моментално млекарницата е целосно приватизирана со 100% приватен капитал.
Пуштена е во употреба современа сирењара, во која се произведуваат разни видови на сирење и кашкавал со врвен квалитет, кој е резултат на успешното имплементирање на македонската традиција во модерната технологија.
Од крајот на 2007 година Млекара АД Битола станува дел од системот на Млекарската индустрија Danube Foods Group односно дел од Salford инвестицискиот фонд. Инвестицијата од 38 милиони евра на оваа групација беше резултат на големите производни потенцијали на Млекара АД Битола, добриот имиџ и изградената доверба кај македонските потрошувачи.
Во почетокот на 2015 година Danube Foods Group е превземена од страна на приватниот инвестициски фонд „Mid Europa Partners“. Со ова превземање, Danube Foods Group се преименува во „Moi brendovi d.o.o“, а ги опфаќа компаниите Бамби – Банат, Млекара Суботица, Књаз Милош и млекарницата Имлек која е сопственик на неколку млекарници во регионот и тоа: Новосадска млекара во Србија, Имлек Бока во Црна Гора, Млекара АД Млијекопродукт од Босна и Херцеговина и Млекара АД Битола во Северна Македонија.