Баланс+ оброк

Баланс+ оброк е достапен во 3 комбинации на вкусови, меѓу кои лесно ќе го најдете вашиот омилен. Овие оброци се составени од уникатни мешавини на функционалниот пробиотски јогурт, здраво овошје и хранливи житарки. Нутритивно богатите Баланс+ оброци позитивно влијаат на варењето, а благодарение на зрната и овошјето придонесуваат за чувство на ситост. Користете ги како замена за појадок, за добар почеток на денот или како ужина во кој било дел од денот. Со Баланс+ оброците, здравјето е на дофат на раката.

Добар почеток: со Баланс+ овошен јогурт со житарки нема изговори

Доцните на работа или факултет? Дали цел ден „брзате“ од состанок на состанок или сте на долго патување со автомобил? Дали повеќе би сакале да јадете нешто брзо и во движење?

Веќе не мора да биде нездрава, брза храна.

Со лесно достапните Баланс+ оброци – нема изговори. Доволно е да го отворите оброкот, да го испиете и да се заситите. Ова е брз и практичен, но исклучително избалансиран оброк кој ќе ги задоволи потребите на вашето тело за влакна, протеини и масти. Има и витамини и минерали од овошјето и житарките, како и пробиотици од јогуртот.

Уживајте во убавиот вкус и нутритивниот состав.

На здравје!

Пробиотскиот ефект на оброкот има корисен ефект врз варењето

Како и целото Баланс+ портфолио на пробиотски производи, основата на Баланс+ оброкот ја сочинува пробиотскиот јогурт кој има уникатен пробиотик Бифидо Дигeстиo комплекс од 2 пробиотски култури (LA5 и BB12) и олигофруктозни влакна. Клинички го докажавме позитивното влијание на оваа формула врз варењето, кое доаѓа по само 10 дена редовно консумирање!

Искористете го благотворното дејство на пробиотиците и доведете го вашето тело во рамнотежа на вкусен и едноставен начин!

Баланс+ оброк – Состав и калории

Млечни масти Протеини Јаглехидрати Калории
0,9g 3g 14g 78 kcal

Баланс+ оброци во 3 комбинации на вкусови

Пробајте ги сите и пронајдете го Баланс+ оброкот кој совршено ќе ви одговара!

Бимилк: од млекарницата до вашата трпеза

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.