Ви ја претставуваме Имлек Оаза!

Имлек Оаза е првиот 100% растителен производ на компанијата Имлек – растителен напиток од вкусни бадеми или хранлив овес, кој совршено ве следи во текот на целиот ден.

Четири различни комбинации даваат можност да изберете една која одговара на вашите потреби.

Вкусовите на овес, бадем и бадем без додаден шеќер се богата ризница на витамини и минерали, обезбедувајќи важна поддршка за балансирана исхрана, додека Овес Бариста е совршен избор за подготовка на вашето омилено кафе.

Сите оние кои сакаат да воведат поздрави навики во својот живот, но не сакаат да се откажат од полниот и богат вкус, се на вистинското место.

Имлек Оаза 100% растителни напитоци од бадем и овес! Ем вкусно, ем посно!

БАРИСТА РЕЦЕПТ - Ice spice coffee

Подгответе хранлив оброк со напитокот Имлек Оаза

Секој оброк со новиот растителен напиток станува нутритивно побогат и допринесува за подобро чувство во текот на целиот ден, благодарејќи на бројните придобивки кои ги има за воспоставување рамнотежа во организмот.

Од својата вообичаена овесна каша направете совршен оброк со Имлек Оаза и на своето тело дајте му ја неопходната енергија за активностите кои ве чекаат.

Одлично смути со
Имлек Оаза

Кога ќе почувствувате потреба да направите мала пауза и да ги наполните батериите, имате одличен избор.

Направете освежувачко, 100% растително смути со напитокот Имлек Оаза, кој е богат со хранливи материи, минерали и витамини. Само изберете по желба – бадем или овес и направете одличен микс кој ќе ви даде енергија!

Засладете ги моментите со вкусни посни колачиња

Направете целосно посни колачиња како од омилената локална слаткарница со новиот растителен напиток Имлек Оаза и почастете се кога ќе посакате, меѓу оброци, по рекреација или за време на одмор.

Додатокот од бадем и овес ќе им даде на вашите колачиња специјална нота, која ќе го збогати нивниот вкус и ќе ги задоволи и најпребирливите љубители на колачиња.

Имлек Оаза бадем

Имлек Оаза бадем е сериозно добар, растителен напиток од бадем. Егзотичниот плод, кој е извор на протеини, минерали, влакна и витамини, бадемот помага за детоксикација на организмот и регулирање на нивото на холестерол. Освен со својот состав, бадемот е најзаслужен за препознатливиот полн вкус на овој Оаза напиток.

Калории и нутритивен состав во 100g производ:
Масти Протеини Јаглени
хидрати
Енергетска
вредност
1,75g 0,7g 1,5g 26 kcal
Калории и нутритивен состав во 100g производ:
Масти Протеини Јаглени
хидрати
Енергетска
вредност
1,1g 0,5g 4,4g 32 kcal

Имлек Оаза Овес

Имлек Оаза Овес е растителен напиток од овес со сериозно добар вкус.
Овесот е житарка богата со влакна, белковини и витамини, која освен што ги регулира проблемите со варењето – го намалува холестеролот и на телото му дава многу енергија.
Благодарение на својата најважна состојка, Оаза Овес претставува одлична поддршка на вашиот организам и здравите навики.

Имлек Оаза бадем без додаден шеќер

Имлек Оаза бадем без додаден шеќер е растителниот напиток од бадем со сериозно добар вкус. Познатиот вкус, сега во верзија без шеќер, е идеален за секој кој внимава на калориите и намалениот внес на шеќер. Носи благотворен ефект на бадемите, богатство од протеини, влакна, витамини и минерали и станува нов сојузник на вашите здрави навики.

Калории и нутритивен состав во 100g производ:
Масти Протеини Јаглени
хидрати
Енергетска
вредност
1,75g 0,7g 0,77g 22 kcal
Калории и нутритивен состав во 100g производ:
Масти Протеини Јаглени
хидрати
Енергетска
вредност
2,85 0,8g 5,85g 52 kcal

Имлек Оаза
Бариста Овес

Имлек Оаза Бариста Овес  е сериозно добар напиток од овес. Специјално создаден за сите кои уживаат во ритуалот на подготвување на своето омилено кафе и сакаат да ги развијат вештините на барист.

Што би требало да знаете за Имлек Оаза растителните напитоци?

Иако како синоними често може да се слушнат поими како овесно млеко и бадемово млеко, Имлек Оаза е напиток од 100% растително потекло и со самото тоа е погоден за консумирање за време на пост, а истовремено е добар и за вегетаријанци и вегани. Како производ со ниска калориска вредност, Имлек Оаза има поволен ефект врз сите кои се на диета или посебен режим на исхрана.

Отсега нашата понуда е збогатена со уште еден растителен напиток – Имлек Оаза бадем без додаден шеќер, кој е создаден да ги поддржи сите кои се обидуваат да ја балансираат својата исхрана, да истраат во одреден режим и да консумираат производи без додаден шеќер.

Нашиот растителен напиток, освен за подготовка на хранлив оброк, вкусно смути, посни колачи и извонредно капучино, е совршен и како додаток за чај.

Благодарејќи на својот состав и вкус, растителното млеко, односно растителниот напиток е одлична алтернатива за млеко и на тој начин е идеална состојка за подготовка на храна која бара готвење или печење.

Сега во нашата понуда е Имлек Оаза Бариста Овес, идеален напиток за подготовка на совршена, кремаста пена за кафе, исто како во вашето омилено кафуле.

Голема предност на Имлек Оаза растителниот напиток, како од бадем така и од овес, е што не содржи лактоза, така што е погоден се за сите кои се алергични на млечен шеќер. Бидејќи содржи јаткасти плодови кои кај одредени лица предизвикуваат алергии, наша препорака е пред консумирање да се посоветувате со својот лекар за да бидете потполно сигурни дека ќе уживате во новиот напиток без ризик.

Blog tekstovi srodni ovom proizvodu

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.