Баланс+ пробиотски млечни производи
Портфолиото Баланс+ е составено од млечни производи кои содржат единствена формула на пробиотици: две пробиотски култури (LA5 и BB12), како и олигофруктозни влакна, кои влијаат на зголемување на добрите бактерии во цревната флора. Ние сме единствените на пазарот кои клинички ја докажавме ефикасноста на нашите пробиотски млечни производи.


Баланс+ млечни производи





Баланс+ пробиотска формула: Bifido Digestio комплекс за подобро варење
Баланс+ пробиотски производи
Клиничка студија за придобивките од Баланс+ производите
Често поставувани прашања
Какви пробиотици имаат пробиотските млечни Баланс+ производи?
Баланс+ млечните производи, како што е јогуртот Баланс+, содржат комбинација од пробиотски култури Lactobacillus acidophilus LA-5 и Bifidobacterium BB-12. Овие пробиотски култури се комбинирани во комплексот Bifido Digestio, кој се користи во сите производи на Баланс+. Покрај тоа, тука се и влакната Олигофруктоза кои служат како „храна“ за овие пробиотици, со што се зголемува нивната сила и ефикасност.
Дали постои препорака за консумација?
Да. Дозата од 500g Баланс+ пробиотски производи на дневна основа е сосема доволна и препорачана за најдобри ефекти.
Оваа количина можете најпрактично да ја распределите така што едната половина ќе ја консумирате за време на појадокот, а другата половина за време на вечерата. На пример, шолја јогурт со појадок и кисело млеко со вечера – и знаете дека сте направиле нешто добро за вашето тело и сте ја внеле потребната дневна доза на пробиотици!
Дали сите производи на Баланс+ се подеднакво добри - дали можам да консумирам било кој?
Да, сите пробиотски млечни производи од портфолиото Баланс+ имаат ист пробиотски комплекс. Разликата е само во нивната текстура и вкус.
Пробајте ги сите и сигурни сме дека лесно ќе го најдете вашиот омилен!
