Бимилк > Производи > Моја кравица > Крем сирење Моја Кравица
Крем сирење Моја Кравица
Крем сирењето Моја Кравица има полн вкус и кремаста текстура. Крем сирењето го правиме по традиционален рецепт, од само 3 целосно природни состојки: млеко, павлака и сол. Има благ и солен вкус, што го прави одличен намаз за сендвичи со широк спектар на состојки, за подготовка на оброци, па дури и за десерти!
Крем сирењето Моја Кравица е достапно во пакувања со различни големини
Знаеме дека секое домаќинство има различни потреби во однос на големината на храната што ја користи и со креирање на пакувања во поголеми и помали димензии, успешно одговараме на нив. Дали ви треба крем сирење за неколку сендвичи или сакате да го користите во готвењето, да подготвувате колачи со сирење или канапе и сендвичи за целото семејство и гостите? Адекватно пакување за вас е пакувањето од 200g.
Крем сирење - Калории и нутритивен состав во 100g производ
Моја Кравица крем сирењето е екстра-масен млечен производ, кој има минимум 60% масти во сувата материја. Вкусен и богат со млечни масти, ќе му даде полн вкус на секое јадење.
100g Моја Кравица крем сирење ги содржи следните нутритивни вредности:
Млечни масти | Протеини | Јаглехидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
Минимум 17g | 5g | 3g | 765kj / 185kcal |
Имате прашања за Моја Кравица крем сирење?
Како се прави крем сирење?
Крем сирење се прави исклучиво од свежо, висококвалитетно млеко.
Крем сирењето се добива со ферментирање на млеко со помош на специфични бактерии. Млекото прво се пастеризира за да се уништат штетните бактерии, а потоа се додава почетна култура на бактерии. За време на процесот на ферментација, бактериите го метаболизираат млечниот шеќер (лактоза) и создаваат кисела средина која овозможува млекото да се згусне и да ја формира карактеристичната текстура на крем сирењето.
Целиот производствен процес се одвива под надзор на стручни лица и се одвива под строго контролирани услови, со почитување на прописите.
Дали крем сирењето е природен млечен производ?
Да, тоа е сосема природен млечен производ. На декларацијата нема да видите ниту еден додаток или хемиска супстанца, бидејќи крем сирењето не ги содржи. Млеко, павлака, сол – само овие три целосно природни состојки го прават крем сирењето Моја Кравица.
Богато е со протеини, калциум и витамин Б12. Протеините се клучни за градење мускули и одржување на здрави мускулни ткива, додека калциумот игра важна улога во зајакнувањето на коските и забите. Витаминот Б12 е важен за нормално функционирање на нервниот систем.
Дали ова крем сирење може да се користи за торти и колачи?
Пред сѐ, крем сирењето е намаз и тоа е првото нешто за што треба да го користите. Секако може да биде одлична состојка за торти и колачи!
Чизкејкот е само еден пример за десерти што можете да ги направите со ова крем сирење. Најдете го вашиот омилен рецепт и подгответе го со Моја Кравица крем сирење.
На здравје!