
Битолски јогурт – Секогаш во кругот на семејството
Битолски јогурт е присутен на вашите семејни трпези речиси седум децении! Има освежителен, благ вкус со кремаста текстура. Со овој јогурт растеа генерации, а со нив растеше и Битолското чупе, носејќи иновации инспирирани од потребите на целото семејство.


Битолски јогурт за целото семејство
Со текот на годините, ја направивме понудата на јогурт побогата, а пакувањето помодерно, задржувајќи го она што најмногу го сакате: традиционалниот домашен рецепт и полниот вкус на јогурт.
Денес, јогуртите под брендот Битолско се погодни за целото семејство, ги задоволуваат сите потреби и различни режими на исхрана. Брендот Битолско се гордее и со посебните линии, како што е: Битолски густ јогурт за љубителите на кремасти млечни задоволства и Битолски light јогурт со помала масленост.
Битолски јогурт: вкус за кој сите се сложуваат
Кремаст и фин, Битолски јогурт е редовен гостин на вашите семејни трпези, каде често наоѓате други, ваши омилени млечни Бимилк производи. Ги разубавува и збогатува вашите омилени оброци, претворајќи ги во вистински задоволства.

100g Битолски јогурт ги содржи следните нутритивни вредности:
Млечни масти | Протеини | Јаглехидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
2,8% | 3,1g | 4,2g | 227kJ / 54 kcal |
Битолски јогурт со 2,8% млечни масти
Битолски густ јогурт со кремаста текстура
100g Битолски light јогурт ги содржи следните нутритивни вредности:
Млечни масти | Протеини | Јаглехидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
1% | 3,1g | 4,2g | 160kJ / 38,2 kcal |
Пакување прилагодено на сечии потреби
Од јогурт во чаша до семејно пакување од 1,45 кг
Битолски јогурт во чаша најдобро одговара со пекарски производи или брз појадок за едно лице, додека поголемите пакувања јогурт се идеални за раскошен семеен појадок или лесни вечери со пријателите.
Битолски јогурт во различни пакувања, за секоја ситуација! Изберете го вашиот омилен вкус и уживајте.




Битолски јогурт - повеќе од пијалок
Од традиционален појадок, направен од сецкани сувомеснати производи и наши млечни производи, до палента и јајца на 100 начини, па сè до модерна и здрава каша со овес – одлично оди со се! Некои го сакаат и со слатки задоволства, палачинки, штрудли, како и слатки колачи.
Но, тој е повеќе од пијалок. Го користиме и во рецепти, па го додаваме во сочна проја, гибаница, но и манџи, супи, мафини и колачи.
Вашите фотографии најдобро кажуваат како Битолски јогурт е сигурен и универзален пијалок во вашата кујна.
Споделете ги вашите моменти со Битолски јогурт нас! Следете нѐ на нашите Фејсбук и Инстаграм профили.
