ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Во согласност со членовите 16, 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци („Службен Весник на РСМ„ бр.42/2020 со последователни измени и дополнувања) („ЗЗЛП„), Индустријата за млеко и млечни производи и сокови МЛЕКАРА Акционерско друштво Битола, трговско друштво со седиште на ул. „Ѓурчин Наумов – Пљакот“, број 1, Битола со ЕМБС 4167406, („Контролор на лични податоци„ и/или „Млекара Битола„) ја усвојува оваа Политика за заштита на приватноста, и со истата Ви ги соопштува информациите за условите под коишто се одвива обработката на Вашите лични податоци како посетители/корисници на интернет-страната на Млекара Битола – www.bimilk.mk.

За потребите на оваа Политика за заштита на приватноста, Индустријата за млеко и млечни производи и сокови МЛЕКАРА Акционерско друштво Битола се смета за контролор на лични податоци. Контакт-податоците за Контролорот и за неговиот офицер за заштита на личните податоци се наведени во точката Контакт-податоци подолу.

Оваа Политика за заштита на приватноста може да биде изменета или дополнета со цел да ги одрази промените во практиките на Млекара Битола во однос на заштитата на личните податоци или измените во прописи важечки за заштита на лични податоци. 

Ви препорачуваме внимателно да ја прочитате оваа Политика за заштита на приватноста и редовно да ја посетувате оваа страна за да бидете информирани за сите измени што би можеле да бидат направени во согласност со одредбите на оваа Политика за заштита на приватноста.

ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ 

Собирање на лични податоци: Можеме да ги собираме Вашите лични податоци, како што се име и презиме, адреса и податоци за контакт. Примерите на извори од кои можеме да ги собираме личните податоци вклучуваат:

  • Можеме да ги собереме Вашите лични податоци кога Вие ќе ни ги доставите или ќе ни ги ставите на располагање (на пример, кога ќе нè контактирате преку е-пошта, телефон или на друг начин);
  • Можеме да ги собереме личните податоци што Вие ќе одлучите да ни ги доставите преку контакт формуларот; 
  • Можеме да ги собереме или на друг начин да ги добиеме Вашите лични податоци кога ќе ја посетите нашата интернет-страна или кога ќе користите која било функционалност или ресурс достапен на или преку неа. При посетата на интернет-страната, Вашиот уред или интернет-прелистувач може автоматски да открие одредени информации (како што се видот на уредот, оперативниот систем, видот и поставките на интернет-прелистувачот, IP-адресата, поставките за јазик, датумот и времето на пристап до интернет-страна, како и други технички информации поврзани со комуникацијата), од кои дел може да претставуваат лични податоци.

Создавање на лични податоци: Исто така, можеме да создадеме лични податоци што се однесуваат на Вас, како што се евиденција за Вашата интеракција со нас остварена преку оваа интернет страна.

Релевантни податоци за личноста: Категориите на Вашите лични податоци што можеме да ги обработуваме ги вклучуваат следниве:

  • Основни лични податоци: име и презиме, пол, датум на раѓање/година на раѓање, државјанство;
  • Податоци за контакт: адреса, телефонски број, адреса на електронска пошта;
  • Ставови и мислења: сите ставови и мислења што ќе одлучите да ни ги доставите преку Контакт формуларот;
  • Технички и идентификациони податоци: IP адреса;
  • Административни податоци: технички лог што е неопходен за функционирање и безбедност на интернет странава;
  • Податоци што доброволно ги оставате на интернет странава: име, презиме, е-маил адреса, број на телефон;

Правни основи за обработка на личните податоци: Обработката на Вашите лични податоци може да се заснова на една или повеќе правни основи, во зависност од околностите, и тоа:

  • ако претходно сте дале доброволна, конкретна, информирана и недвосмислена согласност за обработката (оваа правна основа се користи само за обработка што е целосно доброволна и не се применува кога обработката е задолжителна или неопходна);
  • ако обработката е неопходна за исполнување на договор во кој сте договорна страна или за преземање дејствија на Ваше барање пред склучување на договор;
  • ако обработката е неопходна за исполнување на законска обврска на Контролорот на лични податоци;
  • ако обработката е неопходна за заштита на суштинските интереси на субјектот на лични податоци или на друго физичко лице;
  • ако обработката е неопходна за целите на легитимните интереси на Контролорот на лични податоци или на трето лице, освен кога над таквите интереси преовладуваат Вашите интереси или основните права и слободи кои бараат заштита на личните податоци.

Обработка на посебни категории на лични податоци: Не собираме ниту на друг начин обработуваме посебни категории на лични податоци, освен ако:

  • претходно сте дале изречна согласност за таквата обработка, освен ако тоа е забрането со закон;
  • обработката е задолжителна или дозволена согласно важечките прописи;
  • обработката е неопходна за откривање или спречување на кривични дела;
  • обработката е неопходна за воспоставување, остварување или одбрана на правни барања;
  • се обработуваат лични податоци што Вие очигледно сте ги направиле јавно достапни;
  • обработката е неопходна за заштита суштинските интереси на субјектот на лични податоци или на друго физичко лице;

Цели за кои можеме да ги обработуваме Вашите лични податоци: Вашите лични податоци можеме да ги обработуваме, во согласност со важечките прописи, за конкретно утврдени, јасни, оправдани и законски цели, вклучувајќи ги следниве:

  • Интернет-страна: обезбедување на техничко функционирање и управување со нашата интернет-страна; администрирање и одржување на нашата интернет страна; обезбедување содржини за Вас; прикажување реклами и други информации; како и овозможување на комуникација и интеракција со Вас преку интернет-страна;
  • Производство: производство на производи од нашето портфолио; подготовка на промотивни материјали на Ваше барање; и комуникација со Вас во врска со тие производи;
  • Маркетинг комуникации: доставување новости, промотивни содржини и други информации што би можеле да бидат од Ваш интерес преку електронска пошта, телефон, СМС-пораки, социјални мрежи, пошта или лично, под услов таквата комуникација да е во согласност со важечките прописи;
  • Комуникации и ИТ-операции: управување со нашите комуникациски системи; обезбедување на безбедноста на информациските системи; и спроведување ревизии на ИТ-безбедноста;
  • Здравје и безбедност: процена на здравствената исправност и безбедноста на производите, водење соодветна евиденција и исполнување на законските обврски;
  • Финансиско управување: продажба, финансиско работење, ревизија на работењето и управување со односите со клиентите;
  • Анкети: спроведување анкети и комуникација со Вас со цел добивање мислења и повратни информации за нашите производи;
  • Унапредување на производите: идентификување на недостатоци кај постојните производи, планирање на нивно подобрување и развој на нови производи;.
  • Споделување рецепци: преку опцијата за креирање на профил, посетителите на интернет страна се охрабруваат да споделат свој рецепт користејќи ги производите на Млекара Битола, како и да пронајдат нови рецепти и трикови за полесно готвење од достапната база на омилена рецепти на Млекара Битола. 

ОТКРИВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Можеме да ги откриеме Вашите лични податоци на други субјекти поврзани со Млекара Битола, заради остварување на легитимни деловни интереси, во согласност со важечките прописи. 

Покрај тоа, Вашите лични податоци можеме да ги откриеме на:

  • надлежни државни органи, по нивно барање или заради пријавување на какво било постојно или очекувано прекршување на важечките закони или прописи;
  • сметководители, ревизори, адвокати и други надворешни професионални советници кои се обврзани со договорни обврски за доверливост;
  • трето лице кое има својство на обработувач на лични податоци, во согласност со условите наведени подолу во оваа Точка;
  • трето лице, надлежен суд, друг државен орган или носител на јавни овластувања, во обем неопходен за воспоставување, остварување или одбрана на правни барања;
  • трети лица, кога тоа е неопходно заради спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или извршување на кривични санкции, вклучително и заради заштита и спречување на закани по јавната безбедност;
  • трето лице – стекнувач на права, во случај на продажба или пренос на целокупното или на дел од нашето работење или имот; и
  • даватели на услуги од трети страни, имајќи предвид дека нашата интернет-страна може да користи приклучоци (plug-ins) или содржини од трети страни. Доколку одлучите да комуницирате со такви приклучоци или содржини, Вашите лични податоци може да бидат споделени со соодветниот давател на услуги од трета страна. Ви препорачуваме, пред да воспоставите таква комуникација, да ја прочитате политиката за заштита на приватноста на соодветната трета страна.

Доколку ангажираме трето лице како обработувач на лични податоци, обработувачот ќе биде договорно обврзан: (i) да ги обработува личните податоци исклучиво врз основа на нашите документирани упатства; и (ii) да применува соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на доверливоста и безбедноста на личните податоци, како и да ги исполнува сите други обврски утврдени со важечките прописи.

ПРЕКУГРАНИЧЕН ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Поради меѓународната природа на нашето работење, може да биде потребно Вашите лични податоци да ги пренесеме на други поврзани друштва или на трети лица, како што е предвидено во Точката 3 погоре, заради остварување на целите утврдени во оваа Политика за заштита на приватноста. Поради тоа, Вашите лични податоци може да бидат пренесени во други држави кои имаат поинакви закони и барања во однос на заштитата на личните податоци од оние што се применуваат во државата во која се наоѓате.

БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Имаме воспоставено соодветни технички и организациски мерки за безбедност, наменети за заштита на Вашите лични податоци од случајно или незаконско уништување, губење, измена, неовластено откривање, неовластен пристап, како и од какви било други незаконски или неовластени форми на обработка, во согласност со важечките прописи.

Должни сте да обезбедите дека сите лични податоци што ни ги доставувате се испратени на безбеден начин.

ТОЧНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Ги преземаме сите разумни мерки за да обезбедиме:

  • личните податоци што ги обработуваме да бидат точни и, доколку е потребно, ажурирани; и
  • сите лични податоци што ги обработуваме, а кои се неточни имајќи ја предвид целта за која се обработуваат, да бидат избришани или корегирани без непотребно одлагање.

Повремено може да побараме од Вас да ја потврдите точноста на Вашите лични податоци.

МИНИМАЛЕН ОБЕМ НА ПОДАТОЦИ

Ги преземаме сите разумни мерки за да обезбедиме личните податоци што ги обработуваме да бидат соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите за кои истите се обработуваат.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПЕРИОДОТ НА ЧУВАЊЕ

Критериумите за определување на периодот во кој ќе ги чуваме Вашите лични податоци се следниве: ќе ги чуваме Вашите лични податоци во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци само онолку долго колку што е потребно за остварување на целите за кои се обработуваат, освен доколку со важечките прописи е предвиден подолг период на чување.

Поконкретно, Вашите лични податоци може да ги чуваме во текот на периодот неопходен за воспоставување, остварување или одбрана на правни барања односно:

  • податоците што ни ги доставувате кога не контактирате по електронски или телефонски пат, ние ќе ги чуваме шест (6) месеци од денот кога ќе ви одговориме на вашето барање. Во исклучителни ситуации кога од самата природа на комуникацијата произлегува обврска Вашите лични податоци да се чуваат подолг период (определено барање доставено од Ваша страна како субјект на лични податоци согласно ЗЗЛП и/или определен приговор за квалитет на производ) тогаш податоците ќе ги чуваме во законски применливите рокови што се определени за тоа;
  • колачињата ќе ги чуваме во периоди определени со нашата Политика за колачиња што е достапна на следниов линк: (ДА СЕ ВНЕСЕ ЛИНК ШТО ВОДИ ДО ОВАА ПОЛИТИКА) 

Податоците што ги обработуваме врз основа на Ваша дадена согласност ќе ги обработуваме се додека истата не ја повлечете. 

По истекот на периодот на чување на Вашите лични податоци, а којшто рок е определен според критериумите дадени погоре, Контролорот на лични податоци истите трајно и безбедно ќе ги избрише/уништи. 

ВАШИ ЗАКОНСКИ ПРАВА

Во согласност со важечките прописи, може да имате одредени права во однос на обработката на Вашите лични податоци, вклучувајќи ги следниве:

  • Право на информирање: право, во моментот на собирање на личните податоци, да бидете информирани за релевантните информации во врска со обработката, согласно важечките прописи, односно, доколку Вашите лични податоци се добиени од трети лица, да ги добиете информациите во роковите утврдени со закон;
  • Право на пристап: право да побарате пристап или копија од Вашите лични податоци што ги обработуваме, заедно со информациите поврзани со природата на обработката и откривањето на тие лични податоци на трети лица;
  • Право на исправка: право да побарате исправка на неточните лични податоци што ги обработуваме, како и право да побарате дополнување на нецелосните податоци;
  • Право на бришење и ограничување на обработката: право, под одредени услови, да побарате бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци што ги обработуваме;
  • Право на приговор: право, под одредени услови, да приговорите на обработката на Вашите лични податоци што ја вршиме за наши цели или врз основа на наш легитимен интерес;
  • Право на преносливост на податоците: право Вашите лични податоци што ги обработуваме да бидат пренесени на друг контролор, под одредени услови согласно важечките прописи и доколку тоа е технички изводливо;
  • Право на повлекување на согласноста: право да ја повлечете Вашата согласност, кога обработката на личните податоци се заснова на Ваша согласност;
  • Право на поднесување барање до надзорниот орган: право да поднесете барање или претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија во врска со обработката на Вашите лични податоци што ја вршиме или ја вршиме за наши цели и тоа преку следење на Контакт податоците за споменатата Агенција наведени во Точката Контакт – податоци подолу.

Ова не влијае на Вашите законски права.

За да остварите едно или повеќе од горенаведените права, или доколку имате прашања во врска со овие права, со која било друга одредба од оваа Политика за заштита на приватноста или со обработката на Вашите лични податоци, Ве молиме користете ги контакт-податоците на Млекара Битола наведени во Точката Контакт-Податоци.

Комуникацијата и постапувањето по Вашите барања како субјект на лични податоци се без надоместок, освен доколку истите се очигледно неосновани или прекумерни, односно повторувачки, во коишто ситуации Контролорот на лични податоци може да Ви наплати определен надоместок имајќи ги во предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или комуникацијата или постапувањето по барањето или пак може да одбие да постапи по барањето. 

КОЛАЧИЊА

Колаче (cookie) е мала датотека што се поставува на Вашиот уред кога посетувате интернет-страна (вклучително и нашата интернет-страна). Колачињата содржат информации поврзани со Вашиот уред, Вашиот интернет-прелистувач и, во одредени случаи, со Вашите преференции и навики при пребарување. Вашите лични податоци може да ги обработуваме преку технологијата на колачиња во согласност со нашата Политика за колачиња: (ДА СЕ ВНЕСЕ ЛИНК ШТО ВОДИ ДО ОВАА ПОЛИТИКА) 

ПОСЛЕДИЦА ОД НЕДАВАЊЕТО НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Давањето лични податоци при пристап и користење на оваа интернет страна е, во делот што се однесува на техничките и безбедносните податоци, неопходно за овозможување на нејзиното функционирање, безбедност и администрација.

Во делот што се однесува на личните податоци кои посетителот на интернет страната доброволно ги доставува преку контакт формуларот, давањето на податоците е доброволно. Недоставувањето на таквите податоци може да и оневозможи на Млекара Битола да одговори на барањето на посетителот на интернет страната или да воспостави комуникација преку интернет страната. 

Недавањето согласност за обработка на личните податоци кои се обработуваат врз основа на согласност (на пример, нефункционални колачиња) не влијае врз можноста за користење на основните функционалности на интернет страната.

АВТОМАТИЗИРАН ПРОЦЕС НА ОДЛУЧУВАЊЕ, КАКО И ПРОФИЛИРАЊЕ

Контролорот на лични податоци не врши обработка на личните податоци што се однесуваат на Вас исклучиво на автоматизиран начин, не врши профилирање во врска со Вашите лични податоци, ниту донесува поединечни одлуки засновани исклучиво на автоматизирана обработка, односно профилирање.

ПРАВНИ ЛЕКОВИ

Секој посетител/корисник на оваа интернет страна има право да поднесе приговор/барање до Агенцијата за заштита на личните податоци на РСМ доколку смета дека со обработката на неговите/нејзините лични податоци, Млекара Битола како Контролор на лични податоци има направено повреда на ЗЗЛО. 

Не доведувајќи ги во прашање сите достапни управни или вон судски средства за правна заштита, вклучувајќи го и правото на поднесување на барање до споменатата Агенција, секој субјект на лични податоци има право на ефективна судска заштита, преку поднесување на тужба до надлежниот суд кога смета дека се повредени неговите права утврдени со ЗЗЛП, а како резултат на обработката на неговите лични податоци спротивни со споменатиот закон. 

Контакт податоците на Агенцијата за заштита на личните податоци на РСМ се:

  • Адреса: Бул. „Гоце Делчев„ бр.18 (зграда на Македонска радио телевизија МРТВ-кат 14), Поштенски фах 417, 1000 Скопје
  • Телефон за контакт: ++ 389 (2)3230 635; ++ 389 (2)3230 617; ++ 389 (2)3230 790; ++ 389 (2)3230 413
  • Е-пошта: info@privacy.mk

КОНТАКТ-ПОДАТОЦИ

Доколку имате какви било коментари, прашања или нејаснотии во врска со која било информација содржана во оваа Политика за заштита на приватноста или во врска со други прашања поврзани со обработката на личните податоци од страна на Млекара Битола, Ве молиме контактирајте го нашиот офицер за заштита на личните податоци на е-маил адреса: andrijana.stojanovska@bimilk.mk, или пак контактирајте го директно Контролорот на лични податоци и тоа:

  • електронски со праќање на Вашите сугестии на нашата Е-пошта:info@bimilk.mk
  • во писмена форма на ул. „Ѓурчин Наумов – Пљакот“, број 1, 7000 Битола или на ул. „Георги Димитров„ бр.18, 1000, Скопје;
  • телефонски на: +398 47 226 380;+389 2 3130 500; Факс: + 389 47 237 073;

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ 

Оваа Политика за приватност на Млекара Битола е објавена на датумот на прикажан погоре. Било кои измени и дополнувања што оваа Политика може да ги претрпи влегуваат во сила веднаш по нивната објава.

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.