Производи за готвење

Состојка практична, вкусна, фантастична!

Ви ги претставуваме производите за готвење Имлек – сигурни сојузници во подготвувањето вкусни јадења и уживањето во секојдневните оброци. Без разлика дали подготвувате богати сосови, кремасти супи, сочни десерти или лесни задоволства, нашите производи за готвење се вистинскиот избор за секој рецепт. Со внимателно одбрани состојки и врвен квалитет, Имлек ви помага лесно и брзо да креирате совршени јадења.

Калории и нутритивен состав во 100 g производ:
Масти Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
20g 2,4g 4,1g 850,5kJ/206kcal

Моја Кравица павлака за готвење

Секое јадење станува повкусно!

Моја Кравица павлаката за готвење со 20% млечни масти им дава совршена густина и богат, полн вкус на вашите омилени јадења. Направена од висококвалитетно стерилизирано млеко, припаѓа на вешто чуваните „тајни состојки“ на искусните готвачи. Совршено се комбинира со тестенини, супи, сосови и јадења со месо, давајќи му неодолива кремаста структура на секој залак.

Калории и нутритивен состав во 100 g производ:
Масти Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
20g 2,4g 4,1g 850,5kJ/206kcal

Моја Кравица павлака за готвење
со 10% млечни масти

За полесен вкус, но со иста кремаста текстура, нашата павлака за готвење со 10% млечни масти е вистинскиот избор. Идеална е за подготовка на полесни јадења, салати, но и за сите оние кои бараат вкусна алтернатива на класичниот крем, со помал процент на маснотии. Совршена за чорби и супи, одлична за вашите омилени печени јадења, додека во комбинација со други состојки на јадењето му дава луксузен вкус.

Калории и нутритивен состав во 100 g производ:
Масти Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
10g 2,9g 4,1g 489kJ/118kcal
Калории и нутритивен состав во 100 g производ:
Масти Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
10g 2,9g 4,1g 489kJ/118kcal
Калории и нутритивен состав во 100 g производ:
Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
2,5g 4,9g 866kJ/210kcal

Имлек крем за готвење

Совршен додаток на секој оброк!

Подготвувањето вкусни јадења никогаш не било полесно! Новиот крем за готвење, достапен во пакувања од 250 ml и 500 ml, ќе ги збогати вашите јадења со богата структура и луксузен вкус. Идеални се за вашите омилени рецепти и за кулинарски експерименти, а брзата подготовка и целосниот вкус се нивни заштитен знак.

Калории и нутритивен состав во 100 g производ:
Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
2,5g 4,9g 866kJ/210kcal

Моја Кравица
Блага млечна павлака

Моја Кравицa блага млечна павлака е направена од најквалитетно млеко, идеална за подготовка на разни деликатеси. Нејзината богата и кремаста текстура ја прави совршен избор за слаткарски специјалитети, како што се колачи, кремови и мусови. Нејзиниот благ, но богат вкус го прави секој десерт посебен. Достапна е во пакување од 250 ml и е идеална за секојдневна употреба.

Калории и нутритивен состав во 100 g производ:
Масти Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
2,8g 3,1g 4,2g 277kJ/54kcal
Калории и нутритивен состав во 100 g производ:
Масти Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
2,8g 3,1g 4,2g 277kJ/54kcal
Калории и нутритивен состав во 100 g производ:
Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
0,7g 16,5g 1254kJ/303kcal

Имлек крем шлаг

Направете секој десерт посебен

Крем шлагот е совршен избор за декорација на најразлични десерти. Се мати брзо, одлично ја задржува формата и е како создаден да стане вистински украс на омилената торта или колач, благодарение на својот препознатлив кремаст вкус и структура. Достапен во пакување од 200 ml и 500 ml, ви нуди избор и носи вистинско уживање.

Калории и нутритивен состав во 100 g производ:
Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
0,7g 16,5g 1254kJ/303kcal

Совршен избор за секое јадење!

Уживајте во богатството на вкус и совршената текстура со производите за готвење, кои се создадени да ја унапредат вашата кујна. Нашата понуда вклучува павлака и крем за готвење како и шлаг крем, достапни во различни пакувања од 200, 250 и 500 ml.

Без разлика дали подготвувате секојдневен оброк или раскошна вечера, ќе го пронајдете совршеното пакување за вашите потреби.

Подготви ги твоите омилени рецепти...

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.