Ќофте во бел сос

Состојки

  • 500 g мелено јунешко месо

  • 100 g презла

  • 200 ml Моја Кравица павлака за готвење од 20% мм

  • 250 ml Битолски јогурт

  • 1 лажичка сенф

  • 1 чешне лук

  • 1 коцка пилешки бујон

  • 1 јајце

  • Магдонос и зачини

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Одличен рецепт за неделен ручек: сочни ќофтиња во кремаст бел сос.

Подготовка

  1. Во сад ставете ги месото, јајцето, магдоносот, сенфот, зачините и презлата и се заедно измешајте додека не се соедини убаво.

  2. Обликувајте ги ќофтињата и ставете ги во претходно загреана тава, а потоа додадете го лукот.

  3. Во тава истурете ја водата со растворената коцка пилешки бујон и динстајте на тивок оган.

  4. Додадете ја Moja Kravica павлаката за готвење со 20% млечни масти, а потоа прелијте ги ќофтињата со јогурт и декорирајте со магдонос.

На здравје!

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.