Kиш со праз и сланина

Состојки

  • Потребни состојки:

  • За тестото:

  • 250 гр брашно

  • 2-3 лажици вода

  • 120 г. Битолски путер

  • 1 јајце

  • прстофат сол За филот:

  • 3-4 страка праз, ситно исечкани

  • 3 лажици масло за јадење

  • сол и мелен црн пипер по вкус

  • 100 г сланина, исечкана на коцки

  • 1 лажичка буковец

  • 3 јајца

  • 120 мл. неутрална павлака за готвење – крем за готвење

  • сол и мелен црн пипер по вкус

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Најпрво во длабок сад промешајте ги брашното, путерот, јајцето, водата и солта и оформете тесто.
    Распределете го тестото во тарт тавче со дно кое се одвојува, или во округло тавче на механизам.

  2. Во тава на оган загрејте го маслото и испржете го празот. Зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус и буковец. Додајте ја сланината и пржете уште 2-3 минути. Префрлете го филот врз кората од тестото.

  3. Во длабок сад изматете ги јајцата, неутралната павлака за готвење и зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус.

  4. Полејте ја смесата врз празот и наросете со рендан кашкавал. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.