Баланс+ јогурт со пробиотици
Јогуртот Баланс+ е пробиотски јогурт за кој е докажано дека го подобрува варењето, а индиректно – целокупното здравје. Тој е единствениот пробиотски јогурт на домашниот пазар за кој со клиничко тестирање е докажано дека позитивно влијае на неколку аспекти на варењето, по само 10 дена редовно консумирање. За подобро варење доволно е да пиете 500g Баланс+ јогурт дневно – шолја наутро и шолја навечер.
100g Баланс+ јогурт ги содржи следните нутритивни вредности:
Млечна маст | Протеини | Јаглехидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
0,9g | 4g | 4,0g | 41 kcal |
Баланс+ јогурт - калории и нутритивен состав во 100g производ
Само 41g калории во Баланс+ јогурт – овој производ се препорачува на сите кои се на диета или на посебен режим на исхрана, или се обидуваат да го контролираат внесот на калории. Помалку од 1g млечна маст Балaнс + јогуртот се рангира меѓу млечните производи со најниска содржина на масти, што го прави идеална алтернатива на другите млечни производи за секој кој внимава на внесот на маснотии и се стреми кон урамнотежена исхрана.
Баланс+ јогурт и Бифидо Дигестио комплекс: единствена пробиотска формула
Пробиотскиот јогурт Баланс+ е незаменлив дел од секојдневната исхрана на многу луѓе кои се грижат за своето здравје, благодарение на бројните придобивки што ги има врз органите за варење и воспоставувањето рамнотежа во организмот.
Се препорачува како дел од урамнотежена и квалитетна исхрана и е добар за превенција од разни дигестивни проблеми, како и за одржување на здрава цревна флора. Преку клиничко испитување, докажано е позитивното влијание на Баланс+ јогуртот врз неколку аспекти на здравјето на дигестивниот систем.
Овој јогурт за варење има единствена пробиотска формула во својот состав, комплексот Бифидо Дигестио, кој се состои од:
- две пробиотски култури (LA5 и BB12)
- пребиотик олигофруктоза, исклучително важен за зголемување на бројот на добри бактерии
Што го издвојува Баланс+ јогуртот од другите пробиотски јогурти?
Јогуртот Баланс+ има благ вкус и ниска калорична вредност. Покрај тоа, придобивките од јогуртот Баланс+ се докажани со студија спроведена од КБЦ на Бежанијска Коса. Имено, во текот на ова истражување потврдено е дека консумирањето на пробиотски јогурт Баланс+ го регулира варењето по само 10 дена редовно консумирање!
Споменатата студија на Баланс + јогуртот му ја додели титулата единствен јогурт на пазарот со клинички докажани придобивки! Квалитетот и ефикасноста, кои ги гарантираат лекарите, се најголемите предности на нашиот пробиотски јогурт, а воедно и неговата најдобра препорака.
Секој ферментиран млечен производ е и природен извор на пробиотици, но само со оној кој е клинички тестиран можете да бидете сигурни дека го избирате најдоброто за вашето здравје. Доведете го вашето тело во рамнотежа со Баланс+ јогуртот.
Како се консумира пробиотскиот јогурт Баланс+?
Дневната доза на Баланс+ јогурт ќе го доведе вашето тело во оптимална состојба и рамнотежа, но само со редовна употреба! Доколку делувате превентивно и со секојдневно консумирање на Баланс+ јогуртот внесувате доза на протеини, пробиотици и влакна во организмот, помали се шансите да настанат проблеми.
Препорачана доза за одржување на здравјето е 500g пробиотски јогурт дневно. Најдобро е да се консумира наутро и навечер.
Една шолја со појадок и една со вечера.
Спроведената клиничка студија покажа дека позитивните ефекти на Баланс+ јогуртот може да се постигнат по само 10 дена. Баланс+ по толку краток временски период го регулира варењето, ја намалува надуеноста и болките, а истовремено го забрзува метаболизмот.
Различните пакувања ќе ги задоволат вашите потреби
Баланс+ пробиотски јогурт е достапен во пакувања со различни големини. Од чаша од 180g до пакување од 1,45 kg – сигурни сме дека лесно ќе најдете соодветна големина на пакување кое ќе ги задоволи вашите потреби.
Имате прашања за пробиотскиот јогурт Баланс+?
Дали можам да консумирам Баланс+ јогурт кога сум на диета или режим на исхрана?
Уште една голема предност на пробиотскиот јогурт Баланс+ е неговото позитивно влијание врз намалувањето на телесната маса. Овој ферментиран млечен производ содржи протеини и влакна кои создаваат чувство на ситост, а со тоа го регулираат апетитот.
Хранливите вредности на јогуртот се зголемуваат поради поголемото количество здрави бактерии, па затоа Баланс+ е совршен избор за оние кои сакаат да бидат здрави, но и витки!
Дали Баланс+ треба да консумираат само оние кои имаат дигестивни проблеми?
Баланс+ јогуртот им се препорачува и на оние кои немаат дигестивни проблеми, за да се делува превентивно при нивно појавување.
Во дигестивниот систем има илјадници корисни бактерии кои помагаат во разградувањето на храната, што овозможува подобро искористување на хранливите материи од храната. Пробиотскиот јогурт Баланс+ содржи корисни бактерии кои спречуваат размножување на други, штетни бактерии во цревата, што дополнително го подобрува квалитетот на варењето и функционирањето на дигестивниот систем.
Дали постојат старосни ограничувања за консумација на Баланс+?
Пробиотскиот јогурт Бaлaнс+, како и другите Пробиотски производи Баланс+, се наменети за секого и без проблем можат да ги консумираат и постари лица. Сосема се безбедни и за децата, кои како и возрасните можат да ги консумираат секојдневно.