Моја кравица путер - Основа на сите добри јадења.

Путерот Моја Кравица е основа на сите добри јадења. Овој путер е сочен, богат и вкусен. Се користи за пржење, како состојка во колачи, торти и пецива или други вкусни рецепти.

Путер - една состојка, илјадници јадења

Речиси и да не постои поуниверзална состојка од путерот.

Путерот Моја Кравица е добредојден гостин на сечија трпеза, и секогаш омилен во друштво на друга храна. Од појадок, до брза ужина, ручек, па дури и вечера – може да се користи во речиси секое јадење. За наједноставните рецепти, како пржени јајца, како и за најкомплицираните, како колачи со повеќе нивоа или француски деликатеси. Во слатки и солени јадења – овој путер е добредојден насекаде.

Секогаш кога сакате побогат вкус на пржени јадења, заменете го маслото што вообичаено го користите и ставете путер Моја Кравица. Кога сакате да го направите вкусот на колачот побогат, а текстурата посочна – заменете го маргаринот со Моја Кравица путер.

Почувствувајте ја разликата.

Моја Кравица путерот има полн вкус и завиден нутритивен состав, па ќе го консумирате без грижа на совест..

100g Моја Кравица путер ги содржи следните нутритивни вредности:

Млечни масти Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
82g 0,65g 0,66g 3056kj/743kcal

Моја Кравица путер - практични пакувања за сечии кулинарски потреби

Путерот Моја Кравица е целосно природен производ. Нема вештачки мириси, бои или вкусови. Вистински путер, направен по традиционален рецепт. Богат вкус и идеална текстура.

Поради природниот состав, чувајте го путерот на темно и ладно место (по можност во фрижидер). Рокот на важност е 100 дена. Со оглед на тоа што путерот има многу ограничен рок на траење, го направивме достапен во неколку големини, за секој да може да си го земе во предвидениот рок.

За поголеми кулинарски предизвици и за сите оние кои често го користат, создадовме пакување од 200g, за помали рецепти создадовме пакување од 125g, а за само едно или две пржења во замена на масло, или понекогаш мачкање путер на леб – така е путер од 10g.

Имате прашања за Моја Кравица путер?

Путерот е млечен производ направен од пастеризиран крем. Се прави од крем од кравјо млеко, а верувале или не – за еден килограм путер потребни ни се дури 20 литри полномасно млеко. Ова го става на листата на млечни производи со најголема концентрација на млеко!

Путерот, со полн и богат вкус, е производ кој е задолжителен дел од кујната на секоја одлична слаткарница и најелитните светски ресторани.Punog i bogatog ukusa, maslac i namaz od maslaca su proizvodi koji su obavezan deo kuhinje svake vrsne poslastičarnice i najelitnijih svetskih restorana.

Апсолутно!

Путерот е погоден за пржење и има висока точка на дим, па се додека пржите на температури пониски од 170°C, знаете дека сте направиле здрав избор!

Во путерот природно се присутни витамини, а нутриционистите се повеќе ги сметаат млечните масти за поздрави од растителните масти. Значи, путерот не само што е погоден за пржење, беспрекорно вкусен, туку е препорачан и од нутриционистите за исхрана!

Ве советуваме само да внимавате на количините. Како и секоја храна богата со маснотии, и таа е калорична, затоа слободно користете ја секојдневно, но во ограничени количини.

Поради вкусот, хранливите вредности, составот, па дури и текстурата.

Во сите наведени ставки, путерот победува!

Затоа ќе видите дека секоја врвна слаткарница користи само путер, а не маргарин. Покрај тоа, путерот е целосно природен производ, и како таков – тој е без транс масти кои се фабрички произведени и се наоѓаат во маргаринот.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за разликите помеѓу путерот и маргаринот, прочитајте повеќе во текстот.

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.