Битолско млеко
Од првото Битолско млеко, од 1952 година до денес – успеваме да ги зачуваме и негуваме традиционалните методи на млекарство во Македонија и да подготвуваме исклучиво здраво, висококвалитетно млеко од домашни фарми. Млекото го прилагодуваме на потребите на целото семејство, така што денес имаме разновидно портфолио на Битолско млеко: долготрајно млеко со различни маслености, свежо млеко со Д3 витамин, полномасно млеко, Битолско млеко со 10 витамини итн.
100g Битолско долготрајно млеко со 2,8% млечни масти ги содржи следните нутритивни вредности:
Млечни масти | Протеини | Јагленихидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
2,8% | 3,2g | 4,5g | 234,5kJ / 56,4 kcal |
Битолско долготрајно млеко со 2,8% млечни масти
Битолско долготрајно млеко со 2,8% млечни масти одамна стана симбол за кравјото млеко на домашниот пазар. Ова класично млеко, со среден процент на млечна маст, се одликува со високиот квалитет и благиот вкус. Достапно е во пакување од 1l и 500ml.
Битолско долготрајно млеко со 1,5% млечни масти
Битолско долготрајно млеко со 1,5% млечни масти е одлична алтернатива на стандардното долготрајно млеко за сите кои сакаат да уживаат во истиот убав вкус на млеко, но да консумираат помалку масти и калории. Достапно е во пакување од 1 литар.
100g Битолско долготрајно млеко со 1,5% млечни масти ги содржи следните нутритивни вредности:
Млечни масти | Протеини | Јагленихидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
1,5% | 3,2g | 4,5g | 185kJ / 44,3 kcal |
100g Битолско свежо млеко со Д3 витамин ги содржи следните нутритивни вредности:
Млечни масти | Протеини | Јагленихидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
2,8% | 3,1g | 4,5g | 232,8 kJ / 55,6 kcal |
Битолско свежо млеко со Д3 витамин
Директно од фармата до вашата трпеза! Битолско свежо млеко е одличен извор на витамин Д3. Се произведува со пастеризирање на млекото под строго контролирани услови. Нашето свежо млеко е висококвалитетно млеко од избрани домашни фарми. Се карактеризира со интензивен и свеж вкус. Достапно е во пакување од 1 литар.
Битолско долготрајно млеко со 0,9% млечни масти
Дали сакате да пиете млеко, но би сакале да го намалите внесот на калории и да ја исфрлите мрсната храна од вашата редовна исхрана? Битолско млеко со низок процент на масти е идеално за вас. Минималната присутност на масти и екстремно малку калории (само 38 калории на 100 ml) се главните карактеристики на Битолско млеко со понизок процент на масти. Ова млеко е достапно во пакување од 1л.
100g Битолско долготрајно млеко со 0,9% млечни масти ги содржи следните нутритивни вредности:
Млечни масти | Протеини | Јагленихидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
0,9% | 3,3g | 4,4g | 162 kJ / 38,9 kcal |
100g Битолско млеко со 10 витамини ги содржи следните нутритивни вредности:
Млечни масти | Протеини | Јагленихидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
2,8% | 3,2g | 4,5g | 234,5kJ / 56,4 kcal |