Бимилк > Производи > Моја кравица > Моја кравица нови производи
Моја Кравица нови производи
Добредојдовте во светот на незаборавните вкусови, свет во кој вашето омилено млеко и новите производи на Моја Кравица се спојуваат во совршена хармонија! Секој нов производ е внимателно избран за да внесе свежина и иновација во вашиот секојдневен избор на задоволства.


Ново освежување преку саканиот бренд
Моја Кравица микс житарки се комбинација од житарки со вкус на ванила и чоколадо, со многу крцкав и пријатен вкус. Без разлика дали станува збор за појадок, вечера, ужина или брз оброк, нашите житарки со Битолско млеко стануваат составен дел од вашите омилени моменти. Приспособени на сите возрасти, од деца до постари лица, тие се брза и вкусна опција за секој дел од денот. Без разлика дали сте дома или на работа, тие ви ја обезбедуваат сета енергија што ви е потребна и чувство на совршен спој на традицијата и модерното во секој залак!
Поврзете се со нашата единствена понуда која го комбинира најдоброто од светот на житариците и млекото под омилените брендови Моја Кравица и Битолско.
Идеални со омиленото млеко
Во рамките на нашето портфолио, млекото е основа на сé, вклучувајќи ги и нашите нови авантури. Ќе уживате во сите нови производи барем двојно повеќе ако го додадете вашето омилено Битолско млеко. Вкусовите на чоколадо и млеко ќе ви ги исполнат сите сетила, а сé што треба да направите е да уживате.

Калории и нутритивен состав во 100g производ:
Млечна маст | Протеини | Јаглехидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
2,8g | 15,2g | 778g | 1705 kJ/402 kcal |
Моја Кравица житарки микс 225g
Житарките Моја Кравица се богати со витамини кои во комбинација со Битолско млеко ќе ви ги разубават утрата, но се идеален избор и за ужина и во текот на денот. Чоколадниот, крцкав вкус на житарките е она што го карактеризира вкусот на новиот производ.
Моја Кравица чоко јајца 96g
Моја Кравица чоко јајца се полнети со млечен крем и крцкаво полнење и претставуваат одличен избор за сите што сакаат да се засладат. Сигурни сме дека вкусот нема да остави никого рамнодушен.
Калории и нутритивен состав во 100g производ:
Млечна маст | Протеини | Јаглехидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
29,3g | 6,8g | 58g | 2166 kJ/519 kcal |
Калории и нутритивен состав во 100g производ:
Млечна маст | Протеини | Јаглехидрати | Енергетска вредност |
---|---|---|---|
22g | 7,9g | 66g | 2055kJ/409kcal |
Моја Кравица чоко бисквит 145g
Покрај Моја Кравица чоко јајцата, сакаме да ве израдуваме и со новиот Моја Кравица чоко бисквит во пакување од 145g. Бисквитот е прелиен со богато млечно чоколадо, а покрај самиот вкус сигурни сме дека ликот на Моја Кравица на бисквитот ќе биде уште една причина за овој производ уште повеќе да го засакате.
Разгледајте ги нашите нови производи и уживајте во секој залак
Нурнете во светот на вкусовите на млеко и чоколадо, пробајте нови производи и направете ги моментите посебни, бидејќи уживањето во секој залак го прави животот посладок!



