Бимилк > FAQ
Најчесто поставувани прашања
Дознајте се што треба да знаете за производите, услугите и практиките на Imlek. На оваа страница ќе ги најдете најчесто поставуваните прашања и деталните одговори на сè што некогаш сте се запрашале за нашата компанија.
За млекото
Што е млеко?
Млекото е биолошка течност со сложен состав кој го сочинуваат: вода, белковини, масти, јаглени хидрати, минерални материи, витамини и др.
По дефиниција, во потесна смисла на зборот, под млеко се подразбира непроменет секрет на млечна жлезда, добиен со непрекинато и целосно измолзување на здрави, нормално хранети и редовно молзени крави најмалку 15 дена пред и 8 дена по телењето.
Дали млекото треба да се вари пред употреба?
Поради квалитетот на суровото млеко кое го откупуваме во „Бимилк“, софистицираната опрема за термичка обработка и асептичната амбалажа која се користи при пакувањето, нема потреба да се вари свежото и трајното млеко „Бимилк“.
Што е пастеризација?
Пастеризацијата е технолошка постапка која се спроведува при обработка на млекото и служи за уништување на сите патогени микроорганизми кои се штетни за здравјето на луѓето. Таа се врши со загревање на млекото на температура пониска од 100°С во определен временски период
Што е хомогенизација?
Хомогенизацијата е постапка на ситнење и изедначување на масните капки во млекото за постигнување поголема стабилност на млекото. Големината на масните капки по направената хомогенизација се намалува на 1-2 µm. Хомогенизираното млеко има полн вкус, интензивно бела боја, а издвојувањето на млечната маст на површината на производот е спречена. Најчесто се користи двостепена хомогенизација. Доколку не се направи хомогенизација, млечната маст ќе се издвои на површината на производот.
Што е стерилизација, што значи UHT?
Стерилизацијата е технолошка операција со која млекото се изложува на температура над 100°С. UHT е скратеница која доаѓа од англискиот назив „ultra high temperature“. Стерилизацијата обично се извршува на температура од 135 до 142°С за време од неколку секунди. Со оваа постапка се уништуваат сите микроорганизми и нивните спори.
Кои витамини се наоѓаат во составот на свежото млеко?
Витамините имаат голема улога во нашиот организам и меѓу другото, дејствуваат и врз метаболизмот и врз пренесувањето на кислородот и антиоксидансите. Тие му помагаат на телото да ги користи јаглените хидрати, протеините и мастите од храната што секојдневно се внесува. Млекото е многу добар извор на тијамин(витамин Бе1), рибофлавин(витамин Бе2 и кобаламин(витамин Бе12). Во мало количество содржи и нијацин(витамин Бе3), пантотенска киселина(витамин Бе5),пиридоксин(витамин Бе6), витамин Це и фолна киселина. Млекото содржи значително количество од витамините А и Де и мало количество на витамините Е и Ка кои се растворливи во масти.
Kое млеко е најпогодно за деца до 24 месеци?
За новороденчиња е незаменливо мајчиното млеко. По навршени 12 месеци, во консултација со педијатар, може постепено да се вклучува во исхраната и кравјо млеко. „Бимилк“ во својата палета производи го има и витаминското млеко кое е единствено млеко на пазарот препорачано од Здружението на педијатри на РМ, поради одличната комбинација на витамини кои се неопходни за правилен раст и развој.
Дали трајните млека содржат конзерванси?
Трајните млека на „Бимилк“ се добиени со помош на стерилизација на млекото и се пакуваат во повеќеслојна амбалажа во асептични услови, со што се продолжува нивната трајност. Овие производи не содржат конзерванси и треба да се чуваат на собна температура во оригиналното пакување се’ до нивното отворање
Што значат броевите испишани на дното на амбалажата на млеката?
Броевите испишани на дното на амбалажaтa за млеко во црна или друга боја, се технички информации испишани од страна на производителот на амбалажата кои се користат во нивниот процесот на управување со квалитетот на производите. Овие броеви се користат за идентификација на ролната за време на производство на материјалот за амбалажата заради обезбедување негова следливост. Информациите кои ги обезбедуваат овие броеви се однесуваат исклучиво на амбалажата и во себе не содржат информации за готовиот производ (млеко, сок итн…) кој се наоѓа во пакувањето.
Бројот кој е испишан на дното на амбалажата се вдлабнува со помош на машината за време на полнењето на млекото и тоа означува со која полнилка на машината е наполнет производот. Оваа бројка е многу важна за производителот во случај на проблем со производите, за да знае од која полнилка на машината потекнуваат и да го направи потребното нагодување или сервис на машината во тој дел. Информациите кои ги обезбедуваат овие броеви се однесуваат исклучиво на амбалажата и во себе не содржат информации за готовиот производ (млеко, сок итн…) кој се наоѓа во пакувањето.
За јогуртот
Што е јогурт?
Јогуртот е хранлив млечен производ којшто позитивно му влијае на организмот и здравјето. Содржи важни состојки кои помагаат во одржувањето на виталноста на организмот. Повеќето од позитивните дејства на јогуртот произлегуваат од присутноста на живите млечнокиселински бактерии. Овие бактерии вршат ферментација при која лактозата се претвара во млечна киселина. Млечната киселина влијае врз перисталтиката на цревата и го зголемува искористувањето на калциумот и фосфорот. Нутритивната вредност на јогуртот се наоѓа во неговите основни состојки кои му се потребни на организмот за раст, размножување и задоволување на енергетските потреби.
Што се пребиотици?
Пребиотиците се несварливи состојки на храната кои поволно му влијаат на организмот на домаќинот со помош на стимулација на растот и развојот на селективна корисна микрофлора со што се подобрува здравјето на домаќинот. Поради овие својства, пребиотиците претставуваат храна за пробиотиците кои се мешани култури на живи микроорганизми што поволно му влијаат на организмот на домаќинот. Пребиотиците кои ги користи „Бимилк“ се декларираат како инулин, олигофруктоза, фрукто-олигосахариди или влакна, а се добиени од коренот на растението цикорија.
Кои производи на „Бимилк“ содржат пребиотици?
Сите Баланс+ производи од „Бимилк“ содржат пребиотици.
Што се пробиотици?
Пробиотиците се поединечни или мешани култури на живи микроорганизми кои позитивно му влијаат на организмот на домаќинот и со тоа што ги подобруваат својствата на автохтоната микрофлора на дигестивниот систем. Поради овие својства тие се разликуваат од пребиотиците, односно пребиотиците претставуваат храна за нив.
Што се LA5 i BB12?
LA-5 и BB12 се пробиотици кои се вклучени во Баланс+ производите. LA-5 е сој на млечно киселинската бактерија Lactobacillus acidophilus. Претставува клинички тестиран сој на оваа бактерија кој заедно со BB12 дава позитивни резултати за здравјето на домаќинот и се декларира како пробиотик.
BB12 е сој на млечно киселинската бактерија Bifidodbacteruim. Претставува еден од најдокументираните и клинички докажани пробиотици за коишто постојат повеќе од 150 клинички студии дека позитивно му влијаат на здравјето на домаќинот и се декларираат како пробиотик.
Зошто се препорачува Баланс+ и што значи „клинички докажано"?
Со клиничка студија е докажано дека со редовно консумирање на Баланс+ доаѓа до:
Нормализација на честотата и конзистенцијата на столицата
Губење на чувството за нецелосно празнење
Намалување на напрегањето за време на празнењето
Намалување болката при празнењето
Намалување на надуеноста и на болката во стомакот независно од празнењето
Со консумацијата на Баланс+ доаѓа до значителни промени во телесниот состав на консументот, односно се намалува процентот на телесни масти и се зголемува вкупната телесна вода.
Која е дневното препорачано количество Баланс+?
Се препорачува дневна консумација од најмалку 500 g Баланс+ во период од најмалку 10 дена последователно. Во комбинација со разновидна и избалансирано-урамнотежена исхрана, максимумот на позитивното дејство се јавува на 15-тиот ден од почетокот на консумацијата.
Што означуваат броевите испишани со црна боја на горниот дел од амбалажата на млеката и јогуртите?
На горниот дел на амбалажата на млеката и јогуртите е отпечатен датумот до кога е најдобро производите да се употребат. По отворањето производот кој се наоѓа во амбалажата не е веќе заштитен од надворешни влијанија. Поради ова на некои производи е истакната препорака колкава е трајноста на производот по отворањето доколку се чува според условите наведени на амбалажата. Покрај датумот, во овој дел на амбалажата се пишува и точното време кога е произведен секој производ поединечно, како и серискиот број кој е различен за секој производ.
Зошто е количината на јогурт означена во kg?
Според правилникот за начинот и постапката за вршење метролошки надзор и барањата кои пакуваните производи треба да ги исполнуваат во односите на количините, начинот на означување на количините и дозволените отстапувања од означената количина и листата на номиналните количини на пакуваните производи, член 11, Прилог 3: Јогурт и кефир, млеко згуснато, ферментирани или ацидифирани млека, спаѓаат во пакувани производи што се продаваат по маса. Заради тоа, на пакувањето на јогуртот, номиналната количина е изразена во kg.
За Бимилк
Дали производите на „Бимилк“ содржат глутен?
Од сите „Бимилк“ производи, само производот Баланс+ со суви сливи и трици содржи глутен. Информацијата за присуството на глутен во овој производ е назначена на амбалажата. Според важечките правилници во РМ не е дозволено на амбалажата да се пишува што нема, туку само состојките кои ги има одреден производ, што значи дека сите производи кои содржат глутен ја имаат оваа информација напишана на амбалажата.
Што е лактоза?
Лактозата или млечниот шеќер е единствен јаглен хидрат кој се наоѓа во млекото и е извор на третина од неговата енергетска вредност. Во млекото е застапена во најголемо количество, а во ферментираните производи (јогурт, павлака, кисело млеко и др.) лактозата ферментира и се претвора во друг облик и поради тоа е застапена многу помалку. Во полутврдите и тврдите сирења, поради бактериите кои се во нивниот состав и на кои им е потребен подолг период за ферментација, ја има најмалку.
Што е нетолерантност на лактоза?
Нетолерантноста на лактоза е збир на ефекти кои се последица на намалувањето на способноста на органите за варење да ја преработат лактозата (млечниот шеќер). Кај нетолерантните лица во тенкото црево не постои ензим лактаза или клетките на дигестивниот систем не произведуваат доволно количество од овој ензим. Поради тоа што млечниот шеќер неразграден поминува во дебелото црево, таму ги храни бактериите кои создаваат гасови и тоа предизвикува подуеност проследена со болка и грчеви. Еден дел од лактозата која не ги храни бактериите повлекува вода со себе која предизвикува дијареја.
Кои нискокалорични производи ги има „Бимилк“ во својот асортиман?
Нискокалоричните производи содржат ниска содржина на масти, сол и јаглехидрати. Во нискокалоричните производи на „Бимилк“ спаѓаат Баланс+ производите. Овие производи се полезни за одржување или намалување на телесната тежина во зависност од количеството во кое се консумираат.