Impact proteinski šejk, puding i mus - Spremni za sledeći nivo

СПРЕМНИ ЗА СЛЕДНОТО НИВО

Не секој тренинг е ист. Понекогаш даваш повеќе, понекогаш колку што можеш. Но, разликата ја прават оние што не ги прескокнуваш. Тоа е следното ниво. Импакт протеинскиот шејк, протеинскиот пудинг и мусот се твоите сопатници на патот кон врвни резултати – вкусен ритуал после тренинг, кој не се пропушта!

Протеинските производи од Имлек Импакт ти помагаат да добиеш повеќе од секој тренинг: побрзо да се опоравиш, да ја вратиш енергијата и да продолжиш понатаму, без компромиси со вкусот.

Зошто е важна
РУТИНАТА ПОСЛЕ ТРЕНИНГ:

Spremni za više snage uz Impact proteinski šejk

ПОДГОТВЕНИ ЗА
ПОВЕЌЕ СИЛА
со Импакт протеински шејк

Импакт Протеин шејк е практичен и моќен извор на млечни протеини, кога ти треба брзо закрепнување или дополнителна енергија по тренингот. Вкусниот протеински шејк нуди оптимална доза на енергија и хранливи материи!

Spremni za jak trening uz proteinski puding

ПОДГОТВЕНИ ЗА
СИЛЕН ТРЕНИНГ
со протеински пудинг

За оние моменти кога сакаш нешто кремасто и благо за да се опоравиш од тренингот. Со 20g млечен протеин, Импакт Протеин пудинг совршено се вклопува во твојот ритам.

Spremni za ozbiljno zagrevanje uz proteinski mus

ПОДГОТВЕНИ ЗА
СЕРИОЗНО ЗАГРЕВАЊЕ
со протеински мус

Лесен и воздушест, но богат таму каде што треба да биде. Импакт Протеин мус е вистинско уживање, со 20g млечен протеин и без дополнителни калории.

Šta treba da znaš pre nego što dodaš gas?

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ
ПРЕД ДА
ДОДАДЕШ ГАС

Препорачаниот дневен внес на протеини зависи од телесната маса и нивото на физичка активност, но обично се движи помеѓу 1,7g и 2g протеини на килограм телесна маса. Важно е да се напомене дека телото може оптимално да искористи околу 30g протеини по оброк, поради што е препорачливо внесот да се распредели рамномерно во текот на денот. Импакт Протеин шејк може да се најде во две различни пакувања – шејкот во пакување од 300g содржи идеални 30g протеини, додека шејкот од 500g содржи дури 50g протеини. Поголемото пакување е одличен избор за оние кои имаат поголема потреба од внес на протеини или за оние кои сакаат да го пијат шејкот неколку пати во текот на денот.

Протеините (белковините) се есенцијални елементи во форма на големи молекули и се неопходни за клетките на телото – како за раст, така и за нивна регенерација, како и за правилно функционирање и структура на сите живи клетки во организмот.

Протеините се неопходни за правилно функционирање на организмот и се основа на балансираната исхрана. Тие учествуваат во градењето и обновувањето на мускулите, но и во бројни важни процеси во телото, особено кај активните луѓе.

Протеински шејкови, пудинзи и мусови претставуваат практичен и брз начин да се обезбеди доволен внес на протеини во текот на денот – било после тренинг или како богата хранлива ужина.

Протеински шејк, протеински пудинг или мус најдобро е да се консумираат после тренинг, кога на телото му е најпотребно закрепнување, но и како практична ужина во текот на денот.

Дали треба да консумираме протеини ако не тренираме?

Секако дека да, бидејќи протеините се едни од основните макронутриенти (заедно со јаглехидратите и мастите) и се неопходни за секојдневното функционирање на телото, без оглед на физичката активност. За разлика од мастите и јаглехидратите, телото не складира резерви на протеини, па затоа нема залиха која може да се искористи во случај на дополнителни потреби на организмот за нив. Затоа протеинските шејкови, протеинските пудинзи или мусовите се идеален начин да се обезбеди оптимален и редовен внес на протеини.

Млечниот протеин е протеин добиен од млеко, тој претставува квалитетен извор на хранливи материи и ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини неопходни за правилно функционирање на организмот. Придонесува за зачувување и градење на мускулната маса, како и за спречување на нејзино разградување, а неговата побавна апсорпција овозможува подолготрајно снабдување на мускулите со аминокиселини.

Сурутката (whey) и казеинот се два типа на протеини од млеко, чија разлика се согледува во брзината на апсорпција.

Whey протеинот (од сурутка) брзо се вари и стигнува до мускулите, поради што е погоден после тренингот. Казеинот се вари побавно и обезбедува постепено ослободување на аминокиселини, што придонесува за долготрајно снабдување на мускулите.

Имлек протеинските производи – Импакт Протеин шејк, протеинскиот пудинг и протеинскиот мус содржат млечен протеин, што ги прави идеален извор на протеини помеѓу оброците или после тренинг.

Имлек Импакт протеинските шејкови не содржат додаден шеќер, што ги прави прилагодливи на кој било план на исхрана, особено ако внимавате внесувањето на јаглехидрати да биде на минимум.

Имлек Импакт Протеин шејк не содржи лактоза, што го прави полесен за варење и погоден за луѓе кои се чувствителни на лактоза. Поради оваа карактеристика, секој може да го вклучи Имлек Импакт протеинскиот шејк во својот ритуал после тренинг!

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.