Путер чорба со карфиол

Состојки

  • 1 китка карфиол – околу 1 кг

  • 1 лажица сол

  • 40 гр Битолски путер

  • 50 мл млеко

  • сол и црн бибер

  • 1 лажица мешан зачин

  • 1 јајце

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Најпрво го ситниме карфиолот на ситни цветови и го ставаме во 3 л сад. Полеваме со вода за да се покрие содржината и додаваме 1 лажица сол.

  2. Го ставаме садот на оган и го оставаме да се вари десетина минути. Со постојано мешање, полека додаваме 40 мл млеко и 40 гр Битолски путер. Зачинуваме со 1 лажичка мешан зачин и сол и бибер по вкус. Го враќаме садот на средна температура и го оставаме да се вари петнаесетина минути со повремено промешување

  3. Во меѓувреме, настрана во сад го матиме јајцето и ги додаваме останатите 10 мл млеко. Добро изматената смеса полека ја тураме во садот во кој се вари карфиолот и постојано мешаме неколку минути. Го тргаме садот од оган и оставаме да се излади десетина минути.

    Путер-чорбата е подготвена за сервирање!

  4. За главно јадење препорачуваме пилешко филе чиј вкус ќе нè воодушеви и ќе нè остави без коментар. Новиот Битолски путер на Бимилк што е идеален за подготовка на секое домашно јадење ќе ги изненади сите домашни што до максимум ќе уживаат во вкусот на зачинетиот Битолски путер и пилешкото филе.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.