Кремаста панакота со јагоди

Состојки

  • 1 чаша свежо млеко

  • 10 г желатин во прав

  • 2 чаши слатка павлака

  • ⅓ чаша шеќер

  • 1 ќесичка ванилин шеќер

  • 1 чаша Битолска павлака со 20% мм.

  • За овошен прелив:

  • 1 ½ чаша јагоди

  • 3 лажици шеќер

  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон.

  • За декорација:

  • 20 г шлаг пена

  • 60 мл ладно свежо млеко

  • 4-6 свежи јагоди.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Во потрага си по најдобриот рецепт за супер вкусна панакота? Испробај го нашиот рецепт за панакота со јагоди, во која додадовме Битолска павлака за уште подобар и покремаст вкус.

Подготовка

  1. Во мал сад ставете го млекото и додајте го желатинот. Измешајте со жица за матење и оставете го желатинот да набабри за време од 5 минути.

  2. Садот ставете го на оган на средна температура за време од 3-5 минути. Притоа, постојано мешајте со жицата за матење за да се раствори желатинот. Внимавајте млекото да не зоврие.

  3. Во садот додајте ги слатката павлака, шеќерот и ванилиниот шеќер. Продолжете со мешањето додека шеќерот се растопи, за време од 3 до 5 минути.

  4. Павлаката ставете ја во сад за матење и измешајте ја со жицата. Постепено додавајте од смесата со млекото и желатинот. Мешајте за да се добие хомогена кремаста смеса.

  5. Топлата панакота ставете ја во 4 до 6 чаши во зависност од големината. Оставете ја да се излади за време од 4 до 6 часа, а најдобро е преку ноќ.

  6. Јагодите исечкајте ги. Во сад на оган ставете ги сечканите јагоди, шеќерот и свежо цедениот сок од лимон. Повремено мешајте и оставете ја смесата да зоврие за време од 5 минути, додека јагодите омекнат. Овошниот прелив оставете го да се излади, а потоа ставете го во чашите со панакота.

  7. Во сад за матење ставете ја шлаг пената и млекото. Изматете со миксер за време од 3-5 минути додека се добие густ шлаг. Со помош на готварски шприц во секоја чаша ставете од шлаг пената. На крај, декорацијата завршете ја со свежи јагоди. На здравје!

Совет плус: Панакотата може да ја направиш и со замрзнати јагоди. Биди креативен и испробај го рецептот и со малини, боровинки или друго овошје по избор!

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.