FETTUCCINE (ФЕТУЧИНИ)

Состојки

  • Тестенини Fettuccine – 400 g

  • Путер – 50 g

  • Моја Кравица павлака за готвење 20%мм – 500 ml

  • Лук – едно чешне

  • Изрендан гауда кашкавал – 50 g

  • Зачини: магдонос, сол и бибер

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Загрејте го путерот и додадете го лукот додека не почне да пушта арома.

  2. Истурете ги Моја Кравица павлаката за готвење, зачините и гаудата.

  3. Гответе три минути и потоа тргнете од оган

  4. Варете ги тестенините во врела вода околу 10 минути.

  5. После тоа, процедете ги тестенините и веднаш измешајте ги со претходно подготвениот сос. Додадете една лажица од водата во која се вареа тестенините за јадењето да биде покремасто.

На здравје!

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.