Бела лазања со пилешко

Состојки

  • 1 пакување кори за лазања

  • 1 главица лук

  • 700 g пилешко бело месо

  • 50 g Моја Кравица путер

  • 2 лажици брашно

  • 500 Моја Кравица павлака за готвење

  • 200 ml Битолско млеко 3,2% (по потреба)

  • 400 g урда

  • 200 g замрзнат спанаќ

  • 2 јајца

  • 200 g кашкавал

  • сол, бибер

  • малку мускатно оревче

  • лист од магдонос

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Во тава, на малку путер пропржете го ситно исечканиот кромид, потоа додадете го месото исечкано на коцки, сол, бибер и динстајте додека месото да порумени.

  2. Во тенџере растопете го путерот, додајте го брашното и малку пропржете го со постојано мешање, потоа додадете ја Моја Кравица павлаката, сол, бибер и мускатно оревче и варете додека сосот не се згусне. Ако сосот е премногу густ, додајте малку млеко.

  3. Во сад измешајте ги урдата, добро исцедениот спанаќ, јајцата, сол и бибер.

  4. Истурете малку бешамел на дното на садот за печење, наредете ги корите за лазањи, четвртина од филот со месо, четвртина од филот со урда, покријте со малку бешамел, наросете со кашкавал и повторете го целиот процес уште 3 пати. На крајот, одозгора ставете слој лазањи, прелејте со остатокот од бешамелот, наросете кашкавал и печете во рерна на 180 степени околу 50 минути, односно додека не порумени одозгора.

  5. Готовите лазањи извадете ги од рерна, оставете ги околу 10-тина минути, па исечете ги и послужете ги наросени со листови магдонос.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.