Чорба од леќа

Состојки

  • (за 4 лица)

  • 1 главица лук

  • 2 моркови

  • 1 батат (сладок компир)

  • 2 мали компири

  • 250 g црвена леќа

  • 200 ml пасирани домати

  • 250 ml Моја Кравица павлака за готвење

  • супа од пилешко или зеленчук по потреба (може и вода)

  • 1 лажичка кари

  • 1 лажичка чадена пиперка

  • хималајска сол, бибер

  • 100 g млад спанаќ

  • коцка од Моја Кравица путер

  • лист од магдонос

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. На малку путер пропржете го исечканиот кромид додека не омекне, а потоа додадете ги сечканиот морков, слаткиот компир и компирот и динстајте ги 10-тина минути.

  2. Додадете ги леќата, пасираните домати и водата – варете околу 25-30 минути на тивок оган (често промешувајќи), додека леќата и зеленчукот не омекнат.

  3. Потоа додадете ги павлаката за готвење и зачините и варете уште 10-тина минути, а на самиот крај додадете го спанаќот.

  4. Послужете ја супата наросена со малку магдонос.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.