Зелена чорба

Состојки

  • 1 Глава брокула

  • 1 Морков

  • 1 Корен од магдонос

  • Половина корен од целер

  • 3 Компири (зависно од големината)

  • 1-2 лажички Маслиново масло

  • 1 Жолчка

  • 250 ml Моја Кравица павлака за готвење

  • Сол и бибер по желба

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Тајната на добрата супа е да зготвите мешавина од зеленчук што добро се комбинира. Значи, секогаш тука се кромидот, компирот и морковот – а сѐ останато е прашање на волја и моменталната желба. Тајната за уште подобра чорба е во тоа сѐ да зготвите со помалку вода, па да изблендирате за да се добие густа маса. Тоа веќе не е чорба, туку потаж, што на француски значи „густа супа“. Значи го готвите истото, само го нарекувате со малку поинтересно име.

Подготовка

  1. Одделете ги цветовите брокула и исечкајте го остатокот од зеленчукот и пропржете ги на маслиново масло. Налејте вода, зачинете и варете додека зеленчукот не се свари. Изматете ја жолчката и измешајте ја со Moja Кравица павлаката за готвење. Тргнете ја чорбата од шпоретот, додајте ја павлаката и сè убаво изблендирајте.

  2. СОВЕТ: Зачини при сервирање? Во секоја чинија додајте по една лажичка масло од семки од тиква и сецкани ореви. Или поиграјте си со тврдо сирење – исечкано на тенки парчиња со помош на нож за лупење за компири.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.