SHEPHERD’S PIE (ОВЧАРСКА ПИТА)

Состојки

  • 1 кромид

  • 2 моркови

  • 500 g мелено месо

  • 1 чаша замрзнат грашок

  • 1 чаша вода

  • 1 лажица свеж магдонос

  • Вегета, сол и бибер

  • 2 лажици маслиново масло

  • 2 лажици брашно

  • 6 компири

  • 100 ml Моја Кравица павлака за готвење 20% mm

  • 1 лажица Моја Кравица крем сирење

  • 1 лажица Моја Кравица путер

  • 1 лажица црвен пипер

  • Кашкавал 100 г

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. На малку маслиново масло пропржете го меленото месо. Додадете исечкан кромид и морков и динстајте заедно околу 10 минути. Додадете грашок и динстајте уште 5 минути. Врз тоа посипете 2 лажици брашно и сè убаво измешајте. Потоа зачинете и прелијте со вода.

  2. Оставете полека да се крчка додека да испари водата и да добие убав, мазен сос. Излупете ги компирите, исечете ги на коцки, покријте ги со вода и оставете добро да се сварат. Кога ќе се сварат, процедете ја водата и додадете сол, путер, крем сирење и павлака за готвење. Сè убаво измешајте и во огноотпорен сад ставете слој од меленото месо, а потоа и компирите. Посипете малку црвен пипер, зачини и кашкавал.

  3. Ставете во загреана рерна на 200 степени и печете околу 30 минути.

На здравје!

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.